Пациентката на 30-годишна возраст што почина вчера од Ковид имала коморбидитети


Фото: Б. Грданоски

Во вчерашниот извештај од Министерството за здравство стои дека се направени 3.114 тестирања, а регистрирани се 1.161 нови случаи на ковид-19.  Починати се 26 лица, седум од Скопје, а меѓу нив има и 30-годишна пациентка, која починала во болнички услови.

Директорот на „8ми септември“ вели дека 30-годишна пациентка од Скопје имала дополнителни коморбидитети, односно дијабетес и висок крвен притисок.