„Ист Гејт Мол“: Завршија безбедностните проверки, заканата за поставена бомба е неверодостојна


Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ преку своите социјални мрежи ги информираше закупците и потрошувачите дека се завршени безбедностните проверки од страна на надлежните институции, при што, како што велат, утврдено било дека доставената закана за поставена бомба е неверодостојна. Од Трговскиот центар информираат дека трговскиот центар продолжува со редовниот режим на работа согласно утврденото работно […]

Се повлекуваат приватните автобуси од пред „Мавровка“, блокадата продолжува на „Илинденска“ пред Град Скопје


 Во тек е преместувањето на приватните автобуски превозници од пред ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Како што изјави за МИА Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“, блокадата на  две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинденска“ на потегот од Фонтана, па се до крстосницата до ГОБ „8 […]

Дојави за бомби во ТЦ „Бисер“, „Ист гејт“, Транспортен центар, „Флатрон“ и ПС Центар (Видео)


Дојави за бомби во повеќе објекти има утрово, а полицијата интервенира и во „Ист Гејт мол“. Како што потврдија од МВР за „Независен“ во повеќе објекти во Скопје утрово има дојави за поставени бомби. – Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје […]

Повторно дојави за бомби во скопските училишта


Дојава за бомба има утрово во скопските средни училишта. Според очевидци и ученици, евакуирана е скопската гимназија „Орце Николов“, а се евакуира и „Јиосип Броз“ во центарот а градот. Учениците си заминуваат дома. Евајкуација по дојава се врши и во „Никола Карев“, но и во „Владо Тасевски“. Полицијата е на терен и ги проверува просториите. […]

По многу години, се роди прле во скопската Зоолошка


Во скопската Зоолошка градина повторно имаме бејби бум или поголем број принови. Најновата вест е дека во зоолошката, по многу години, се роди женско прле. Убавата вест од Зоолшката ја објавија со фотографија од магарицата и нејзиното прле.  

Полицајци или цензори: Скандалозно избришан видео запис на тв21!


  Здружението на новинарите на Македонија извести дека на да денешните протести во Скопје поврзани со блокадите на приватните превозници, полицијата грубо го прекрши правото на новинарите да снимаат и известуваат.   -Според сведочењето на колешката Фазиле Халили од тв21 таа со својот мобилен телефон снимала дел од протестот каде полицајците влечеле една жена. Во […]

Превозниците решија: Протестот ќе продолжи пред Град Скопје


  Координативното тело донесе одлука протестите од раскрсницата кај Црвен крст и „Мавровка“ да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска“ кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потег од зад Владата кон Карпош до „Алумина“, информира денеска на прес-конференција Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“. […]

Четврти ден блокади на приватните автобуски превозници


 Околу 200 автобуси на приватните превозници и денеска четврти ден продолжуваат да блокираат неколку главни улици во Скопје. Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ во изјава за медиумите информира дека во саботата ќе одржи состанок координативното тело на приватните превозници, на кој ќе очекува да одлучат за понатамошните мерки. – Како што спомнав, бесот се повеќе […]

Арсовска ги тргна портретите на поранешните градоначалници, ги ставила во ходникот до вецињата и бифето


Градоначалничката Данела Арсовска ги тргна портретите на досегашните градоначалници на Скопје кои над 20 години стоеја во салата за состаноци до нејзиниот кабинет, објави порталот СДК.мк. Според порталот, неколку месеци по доаѓањето на функцијата, Арсовска наредила портретите да се тргнат од салата и да се закачат во ходникот каде што се вецињата и бифето. Така, […]

Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници


  Протестите на приватните автобуски превозници со блокади ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата, изјави за МИА Кемал Муриќ од „Слобода превоз“. Тој додаде дека се останува исто, односно се додека нема некакво придвижување во состојбата ќе има блокади на неколку сообраќајни точки во главниот град. Директорот на „Макекспрес превоз“ Милорад Димитријевски вчера […]

ЈП „Лајка“ со конкурс за најубава празнична фотографија со куче


Во пресрет на празничниот период од годината, ЈП „Лајка“ објави „Конкурс за најубава празнична фотографија со вашето куче“. -Во изминатите две години во нашата земја се вдомени преку 300 кучиња од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА, па ги покануваме сите досегашни вдомувачи да се пријават и учествуваат на овој конкурс со своите миленици од “Лајка”, а […]

„Макекспрес превоз“: Не сме организатори на протестите, не знаеме до кога ќе траат


Од „Макекспрес превоз“ велат дека не се организатори на протестите и не знаат до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираат политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени. – Јавно, преку вас медиумите, апелираме политичките партии […]

Зелен Хуман Град ја претстави „Елка на желби до Град Скопје“


 Која е твојата желба за 2023 година од Градот? Што сакаш да направи тој за тебе? Скопјани, ова е можност да ги кажете вашите желби до Град Скопје! -Веруваме дека институциите треба да се отворени и на секој можен начин да ги слушаат желбите на граѓаните, посебно кога станува збор за формирање на буџети и […]

Град Скопје се дообјаснува за превозот, Јовановски би дал отказ од „Слобода превоз“


Град Скопје со прес-конференција за состојбите во јавниот превоз: Уште на почетокот на решавање на овој проблем, од Градот беа понудени решенија, но некому тие не му одговараа, рече генералниот секретар Зоран Глигоров, кој не остана да одговори на прашањата на новинарите, туку ги упати тие да ги постават преку електронска пошта. „Застој во однос […]

Лажни се пријавите за бомби во училиштата и во Народна банка


Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и НБРМ, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за […]

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“


Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес (7.12.2022), изврши вонреден инспекциски надзор и затвори градилиште на булеварот „Никола Карев“. При надзорот, констатирано е дека се работи за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на општината. Градежниот инспектор по увидот и затворањето на […]

Дојави за бомби во девет скопски училишта и во НБРМ, во тек е евакуација


Денеска на електронските пошти на девет средни училишта во Скопје, повторно е пристигната дојава за бомба, а во тек е евакуација на учениците. За прв пат, има дојава за поставена бомба и во Народната банка. Како што соопшти МВР, денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет […]

Времен сообраќаен режим поради асфалтирање на улицата „Тодор Александров“


  Од ЈП „Улици и патишта“ соопштија дека поради асфалтирање на улицата „Тодор Александров“ и изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим од 12 до 16 часот. Ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) до Турската амбасада, а во четврток на потегот од […]

Трет ден блокади на приватните автобуски превозници, Град Скопје со нов јавен повик за линиите со број 20 и 22


    Приватните автобуски превозници веќе трет ден по ред продолжуваат со протестите преку блокади на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град. Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје. Градските власти, […]

Се огласи Арсовска: Јавен повик утре, но само за линиите 20 и 22, и редица прашања за Мицкоски


  По повеќедневни блокади на сообраќајниците во Скопје од страна на приватните превозници, кои си ги бараат парите, а кои наводно им ги должи Градот, денеска се огласија од Град Скопје и тоа со информација дека оспособиле дополнителни 140 автобуси за ЈСП и дека утре ќе објават јавен повик за превозници за линиите 20 и […]