Вандализиран клавирот во Паркот на музиката во Ново Лисиче


Скулптурата на клавир во Паркот на музиката во скопската населба Ново Лисиче, деновиве е искршен, а според сведоштва на околните жители, од него се земани жици и метал.  Дрвената конструкција е искршена, а клавирот кој стои среде густа зелена трева, жално зјае. Паркот на музиката во Ново Лисиче поќна да се прави во 2001 година […]

„Лајка“ организираше кучешки маскенбал (Галерија)


Јавното претпријатие „Лајка“ денес во Градскиот парк организираше настан за да ја зголеми јавната свест дека и кучињата заслужуваат живот, па и забава.  Пред градската школка продефилираа повеќе кучиња маскирани во првоаприлски костими а меѓу нив имаше и улични, од редот на тие што се згрижени од „Лајка“ и чекаат вдомувања. Се покажа дека кучињата, […]

Архитекти од Италија заинтересирани за изработка на ДУП за Расадник


Триесет и пет студенти од Италија заедно со свои професори од Факултетот за архитектура „Политехнико” од Торино, придружувани од заменик-амбасадорот на Италија во земјава Марио Де Роса, ја посетија Општина Кисела Вода. Заинтересирани за Меѓународниот конкурс за идејно решение за Расадник, дојдоа лично да ја разгледаат оваа градска четврт и да се информираат за некои […]

Општина Центар ја одби Арсовска споменикот на Ќосето да се врати пред судовите


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска од Општина Центар побарала дозвола за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје. Општината веднаш го одбила ваквиот предлог на Арсовска, појаснувајќи дека такво барање може да упати до Собранието. Таа поднела барање до Општина Центар да добие согласност за започнување на постапката за враќање на споменикот […]

Хигиеничарите од Општина Центар се префрлаат во ПОЦ, претпријатието ќе врши и комунални услуги


На последната седница на Советот на Општина Центар советниците изгласаа префрлување на хигиеничарите во општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ со што претпријатието ќе извршува и комунални услуги. Префрлувањето на вработените и механизацијата ќе се случи утре, а целта на оваа дополнителна дејност на ПОЦ е ефикасно организирање и одржување на јавната чистота на […]

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен […]

Засадени 10 дрвца за месецот на франкофонијата


Министерот за надворешни работи, Буар Османи, по повод одбележувањето на месецот на франкофонијата, заедно со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски засадија 10 садници во Паркот на франкофонијата во Скопје. „Ми претставува особено задоволство што денеска имам чест да го отворам овој настан токму од овде од Паркот на Франкофонијата […]

Герасимовски подготвува иницијатива за конфискација на дивоградбите


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостување во Студио 10 на Телевизија 24 рече дека на негово барање, општината подготвила иницијатива за конфискација на дивоградбите затоа што во моментов нема законска можност тоа да се направи. Герасимовски напомена дека во општината има неколку бесправни објекти чие уривање бара преголеми средства кои општината ги нема. […]

Поради дефект без вода објектите на булеварот „Јане Сандански“


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 10 часот, без вода ќе бидат корисниците од булевар „Јане Сандански“ 7. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф50мм на Бул. „Јане Сандански“ 7. Корисниците без вода ќе бидат од 10 часот до завршување на дефектот. 

Жичницата од утре ќе работи еден час повеќе


Од утре, сабота (1.04.2023 год), жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Секој понеделник и секој последен […]

Ќе се поставува фотоволтаична централа на градинката „Пепелашка


Општина Центар ја добива првата фотоволтаична централа наменета за ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“ објект Пепелашка. Станува збор за донација од компанијата ОКТА АД – Скопје која советниците ја прифатија на вчерашната 22 Седница на Совет.  Компанијата ОКТА АД – Скопје по претходно добиени информации за потрошувачката на енергија во оваа градинка донира фотоволтаична централа со […]

Без вода дел од корисниците во Карпош, Кисела Вода и Бутел


Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците во општините Бутел, Кисела Вода и Карпош. Поради уличен дефект во село Љубанци во периодот од 9 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од селото Љубанци.  Како што е најавено, поради поврзување од стара […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Поради најавен протест, со почеток во 10 часот денеска ќе има посебен сообраќаен режим, при што по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“ кон крстосницата на бул„Илинден“ со бул.„Климент Охридски“.   Како што информираат од МВР, со почеток во 16 часот, пак, поради марш, Одделението за безбедност на патниот […]

Лицата со попреченост од други градови бесплатно ќе се паркираат во Скопје


Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата со којa се овозможува лица со попреченост од други градови бесплатно да се паркираат во Скопје, по случајот со велешанката, која плати паркинг, на место за инвалидизирани лица, но се соочи и со казна, затоа што возило со регистарска табличка што не е од Скопје, не смеело да […]

Советниците не ја поддржаа Арсовска за задолжување за еко-автобуси


Само 14 советници гласаа по предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за задолжување со цел набавка на еко-автобуси за јавниот градски сообраќај во Скопје. И овој обид на градоначалничката да го задолжи градот долгорочно со цел да набави 50 еко-евтобуси, кои би придонеле за обновување на возниот парк на ЈСП и за намалување на загадувањето во […]

Иницијативата на СДСМ за Универзална сала не помина на Совет


Советот на Град Скопје не ја изгласа Иницијативата на советничката група на СДСМ за времено отстапување на правото на користење од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, за Универзалната сала, со што ќе се овозможеше Министерството за култура да ја доврши сопрената реконструкција. За Иницијативата гласаа 15 советници, шестмина беа против и четворица […]

Стефковски од Гази Баба бара враќање на старите имиња на улиците


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово поднесе Иницијатива до Градот Скопје за враќање на старите имиња на улиците во општина Гази Баба. „Сакам да Ве информирам Вас и јавноста дека утрово поднесов Иницијатива до Градот Скопје со барање за враќање на старите имиња на 34 улици во општина Гази Баба. Имено на предлог […]

Одлука за Владата да ја доправи Универзална не може да се донесе денеска


Дали Град Скопје ќе ја отстапи Универзалната сала на Владата ќе одлучи Советот на Скопје, соопшти денес градоначалничката Данела Арсовска. Извести дека има иницијатива од дел од советниците салата времено да се отстапи на Владата. – Универзалната сала е симболот на градот. Тоа не е одлука која што јас како градоначалник, ниту можам ниту сакам […]

Арсовска предлага субвенции за купување еко-возила за сите – поддршка од 200.000 денари


Набавка на нови еко-автобуси, субвенционирање за купување нови еко-такси возила и возила за граѓани, соработка со општини, за реконструкција на неколку улици, се дел од барањата односно одлуките, кои денеска на предлог на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе се најдат пре советниците во Советот на град Скопје. – Градот Скопје мора да биде модерен […]