Во пресрет на Меѓународниот ден на аутизмот, деца со аутизам изработија куќарки за птици


Децата со аутизам заслужуваат активна вклученост и инклузивност во секоја сфера, особено во културната каде ќе можат да ја искажат својата креативност, беше истакнато на денешниот настан во рамки еколошки проект „Птици“, во организација на Зоолошката градина Скопје, отсекот за Индустриски дизајн при Машинскиот факултет и неколку училишта. Настанот традиционално се одржа во Зоолошката градина […]

Сообраќајна незгода предизвика хаос на мостот „Гоце Делчев“


Сообраќајна незгода помеѓу две возила со скопски регистарски таблички се случи утрово на мостот „Гоце Делчев“ во насока од плоштадот „Скендербег“ кон зградата на Владата. Засега нема информации за повредени лица, а од она што може да се види на самото место еден од автомобилите има претрпено поголемо оштетување. На терен има и полициска екипа […]

Без вода неколку улици во Карпош и Кисела Вода, без струја дел од Волково, Арачиново и индустриската зона Илинден


Поради уличен дефект на ул.Хашка 19, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од ул.Хашка, Бањалучка, Будимпештанска, Урош Џудовиќ и дел од Женевска во општина Карпош. Како што информира РЦУК Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на работите. Поради изведување на водоводен […]

Крос трка по повод Меѓународниот ден на здравјето


По повод Меѓународниот ден на здравјето – 7 Април, Детскиот културен центар „Карпош“ денеска во Скопје ќе организира крос трка, по втор пат оваа година. Во оваа спортска манифестација учествуваат деца од градинките од градот и околината. Трката ќе се одржи на тартан патеката во Градскиот парк, а ќе се трча на 250 метри во […]

„Шанса за Центар“: Општина Центар одбива да ги објави проектите од конкурсот за просторот кај „Треска“


Помина скоро година и 5 месеци откако жири комисијата составена од 9 члена ги објави резултатите од конкурсот за избор на идејно решение за локалитетот на фабриката Треска, велат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Од „Шанса за Центар“ обвинуваат дека општината и градоначалникот на Центар одбиваат да ги објават проектите. – Исто толку време […]

Арсовска добива 6 милиони евра од Владата за да го направи Качанички пат


Владата на Република Македонија ќе му даде финансиска поддршка на Град Скопје за изградба на „Качанички пат“, информира првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Груби преку неговиот профил на Фејсбук објави дека Владата веќе доделила три милиони евра, од вкупната вредност од шест милиони евра. – Во разговор […]

Времен сообраќаен режим на улица „Александар Урдаревски“ кај гробиштата Бутел


ЈП „Улици и патишта“ Скопје ги известува граѓаните дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“, во општина Бутел, на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до населено место Кучевишка бара, деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим. Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето […]

Ќосето ќе се скраси во Аеродром, во паркот во Горно Лисиче


  Советниците од Левица предложија, ВМРО-ДПМНЕ поддржа, а Советот на Општина Аеродром ја усвои иницијативата споменикот на егзекуторот на ВМРО, Андон Јанев – Ќосето да се постави на територија на општината. Местото е најдено – во паркот во Горно Лисиче. За оваа иницијатива 22 гласаа 22 советници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а шестмина беа против. […]

Со задоцнување од две години се реконструираат детските игралишта во Центар


Општина Центар започна со целосно реконструирање на детските игралишта во општината. Целосно е реконструирано детското игралиште во Градски ѕид блок 2 во близина на Зелениот пазар. Игралиштето доби нови реквизити и реконструирани кровни и подни површини додека просторот каде се изведуваат реконструктивните работи е изведен согласно европските стандарди за квалитет, безбедност и одржливост.  „Изградба на […]

Децата со аутизам придонесуваат да се зачува бројот на птиците – направија куќички за птиците од ЗОО Скопје


На 7 април 2023, во 10 30 часот се заокружува еколошкиот проект „ Птици“ во соработка со Зоолошката градина Скопје и Машинскиот факултет отсек Индустриски дизајн и училиштата . Со проектот традиционално го одбележуваме денот и месецот на лицата со аутизам. Учествуваа деца од различни училишта, различна возраст, деца од редовна настава и деца со […]

Дел од општина Аеродром денеска без вода


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Никола Карев“ и „Трета македонска бригада“ и  амбулантата „Пролет“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-2 на улица „Никола Карев“ без број, кај паркингот.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не заврши санирањето […]

Споменикот на Ќосето ќе се постави во Горно Лисиче?


Вчера на Советот на Општина Аеродром, нашата советничка група достави Иницијатива за поставување на споменикот на револуционерот Андон Лазов Јанев – Ќосето на територијата на општина Аеродром поточно во паркот во Горно Лисиче по барање и инсистирање на претседателот на советот, соопштија од Левица. Општина Аеродром ќе поднесе иницијатива до Собранието на РСМ за поставување […]

Штрковите се вратија во Ржаничино


 Здружението за заштита на животните, „Анима мунди“ соопшти дека жители на Ржаничино им се обратиле и побарале помош бидејќи штрковите кои од топлите краишта се вратиле во селото, се оневозможени да свијат гнезда и создадат семејства, поради замена на старите бандери со нови бетонски столбови од страна на ЕВН. – Стануваше збор за неколку пара […]

Пакомак ги објави добитниците на награди од конкурсот „Trash for Art“ 2023


Oбјавeни се добитниците на овогодинешниот конкурс „Trash for art 2023“ во организација на „Пакомак“ и „Нула отпад“. И оваа година конкурсот предизвика големо внимание кај креативците од различни категории кои учествуваа со навистина интересни дела. „Trash for Art“ како дел од иницијативата за чиста и здрава средина, кој веќе традиционално се одржува со години,  беше отворен за сите што сакаат да ја покажат својата креативност и да […]

Уставен суд: Бензинската на „Пуцко-петрол“ е објект од класа Е и не може да се гради на локација наменета за зеленило


  Уставниот суд најави прес-конференција на која ќе ги образложи одлуките кои ги донесе на денешната седница на која донел решение да се укине Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 04 блок 04.05 на Општина Карпош. Во кратката најава за пресот додадоа дека Уставниот суд утврдил дека ДУП-от е неусогласен […]

Почна реконструкцијата на платото пред Зелен пазар


  Општина Центар соопшти дека продолжува со санација на оштетените плочници кај Градски ѕид. По завршената реконструкција зад Блок 2, во тек е ревитализација на платото пред Зелениот пазар. Станува збор за замена на општетените и искршени терацо плочки на околу 500 метри квадратни кои поради дотраеноста довеле до прокиснување во подземните гаражи. Од тие […]

Аеродром слави полнолетство, ќе се спортува во паркот „Авион“


Општина  општина, викендов го прославува својот 18-ти роденден. По тој повод во сабота од 11 часот, Општина Аеродром го организира веќе традиционалниот настан „Спортуваме за Аеродром“ кој со почеток од 11 часот ќе се одржи во паркот „Авион“.    За успешна реализација на настанот, подготвена е богата и забавна програма која опфаќа разни спортски и […]

Без вода три улици во Центар


Поради изведување водоводен приклучок од ф-80 милиметри на улица „Васил Иљоски“ број 7, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улиците „Никола Кљусев“ и „Скопска“ во Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот, па до завршување со работните активности.

Герасимовски сака конфискација место уривање на дивоградбите


  Градончалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на ЗЕЛС ја достави иницијативата за изнаоѓање на законско решение за конфискација на бесправно изградените објекти со бесправен статус и нивна ре-употреба. „Во ЗЕЛС ја доставив Иницијативата за конфискација на бесправно изградени објекти, на која интензивно работевме интензивниот период. Целта на оваа иницијатива е да […]