(Видео) Топка пластично ѓубре ќе се тркала низ Скопје


Во среда, ќе се одржи еден еко-активистички перформанс од страна на двајца артисти од странство кои патуваат низ светот.
 
Овој млад номадски пар работи на проект финансиран од Goethe институтот во Македонија.
 
Идејата им е да соберат многу пластичен отпад и да го претворат во една огромна топка од отпад која ќе ја тркалаат низ град. Ова веќе го имаат направено во Приштина пред една година.

Тркалањето на топката ќе започне на ул. „Борка Талески“ бр. 26 и ќе заврши во близина на Градски Парк каде што ќе се растури и даде на рециклирање. 

 
Погледнете го видеото од тркалањето во Приштина: