Скопје во сообраќаен колапс

Утрово, на речиси сите поголеми крстосници во центарот на градот, сообраќајот го контролираше полицаец, а метежот и колоните беа огромни.
Нервозни возачи свиреа со сирените, пешаците едвај се пробиваа низ автомобилите, а не се знаеше ни кога може да се помине на пешачки, ниту пак можеше да се помине меѓу автомобилите.

Најава од МВР за некој посебен сообраќаен режим нема. Зошто се случи овој сообраќаен колапс, официјална информација нема. Ако се знае дека мостот „Беласица“ е затворен откако изби пожар, стандардно секој ден метеж има на потегот од комплекс банки кон железничката станица, но и кон Олимпискиот базен.

Сепак, утрово, метежот продолжи и кон Рекорд, а понатаму кон Клиничкиот центар.

Според оние кои сега се на улици на Скопје, малку е растоварен сообраќајот во централното подрачје, но ако попладне заврне, како што се метеоролошките најави, метежот ќе биде неизбежен и кога граѓаните ќе се враќаат од работа.