Седница на Советот на Град Скопје: Каде се градските пари?


Град Скопје, како резултат на неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот, соопштија утрово од СДСМ.

Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот.

-Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот. ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница на Советот на Град Скопје посветена на актуелната финансиска состојба да одговори каде се парите, побараа од владеачката партија.

Од Град Скопје, пак, демантираат дека сметката им е блокирана, но признаваат дека има неплатени долгови кои датираат од времето на ексградоначаникот Коце Трајановски.

„Прво треба да прочитаат што е значењето на зборот банкрот и да се запознаат пред да сеат страв и паника меѓу граѓаните. Во буквална смисла, ништо да не работиме, денеска само да отидеме на работа и градот ништо да не прави, секој ден имаме по минимум 10 милиони денари на таа сметка“, рече Арсовска неодамна на прес-конференција