Донација од Здружението на жени менаџерки „Елит“ на пунктот за бездомници „Момин Поток“


 Храна за 75 бездомници, топла облека, витамини, прекривки, постелнини, чаршафи, вреќи за спиење, перници, средства за лична хигиена, лекови за наредните два месеца, донираше Здружението на жени менаџерки „Елит“ во пунктот за бездомници „Момин Поток“.   -Секоја подадена рака значи почит и достоинство кон секој човек, затоа што само човек со достоинство е човек, порача претседателката на …

Донација од Здружението на жени менаџерки „Елит“ на пунктот за бездомници „Момин Поток“ Read More »

Овој скопски локал нуди бесплатно кафе за сите кои ќе донираат


Бифе Тафталиџе со искрен и навистина хуман потег. За да ги мотивираат скопјани да донираат за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, нудат бесплатно кафе.  -Од утре, па до сабота важи ова правило: Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100ден. Доѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС …

Овој скопски локал нуди бесплатно кафе за сите кои ќе донираат Read More »

Без струја делови од Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, вода нема да има во дел од Центар


Без струја денеска ќе бидат повеќе места во општините Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, додека вода ќе нема на неколку улици во Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.  Во период од 14 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од Катлановска Бања (општина Петровец), а во период од 08:30 до 14 …

Без струја делови од Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, вода нема да има во дел од Центар Read More »

Лажни сите денешни дојави за бомби во училишта, трговски центри и објекти во Скопје


  Министерството за внатрешни работи вечерва  соопшти дека се лажни сите пријави за подметнати експлозивни направи кои денеска пристигнаа на електронските адреси на 16 училишта, неколку трговски центри и други објекти во Скопје.  -Во 19.10 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 средни училишта и пет други објекти во Скопје …

Лажни сите денешни дојави за бомби во училишта, трговски центри и објекти во Скопје Read More »

Скопјани помагаат за настраданите од земјотресот (галерија)


Граѓаните  на Скопје, на пунктот на скопскиот плоштад,  донираат облека, храна, хигиенски средства и сѐ она што им е неопходно на луѓето кои се најпогодени од земјотресот во Турција и во Сирија. Се носат облека, ќебиња, греалки, хигиенски средства, вода, млеко, конзерви и други намирници за помош на настраданите од природната катастрофа.  Турски студенти, кои …

Скопјани помагаат за настраданите од земјотресот (галерија) Read More »

Град Скопје додели по 50.000 евра помош за Турција и за Сирија


Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи да додели парична помош во вкупен износ од шест милиони денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, односно по три милиони денари за двете земји. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница посочи дека паричната помош ќе се реализира …

Град Скопје додели по 50.000 евра помош за Турција и за Сирија Read More »

Повторно дојава за бомби во 12 скопски училишта, но и во Ист Гејт, Скопје сити мол, МРТВ…


Неколку скопски училишта и денеска добија дојава за поставени експлозивни направи.  Дојава стигнала во средното училиште „Владо Тасевски“, како и во гимназијата „Ѓорѓи Димитров“. Веројатно дојава имаат добиено и други училишта. Полицијата е на терен и ги пребарува објектите, а учениците и вработените повторно се евакуирани. Вчера , лажни дојави за бомби имаше во 47 …

Повторно дојава за бомби во 12 скопски училишта, но и во Ист Гејт, Скопје сити мол, МРТВ… Read More »

Без струја делови од повеќе скопски општини, без вода дел од Карпош


Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Бутел, Сарај, Кисела Вода, Аеродром и Петровец. Од 11 часот до 12 часот …

Без струја делови од повеќе скопски општини, без вода дел од Карпош Read More »

Протест за парното во Автокоманда


Граѓани од населбата Автокоманда денеска повторно излегоа на улица за да изразат незадоволство од новиот начин на снадбување со топлинска енергија. Негодуваат дека не биле навремено известени за промените на договорите, ниту пак им бил даден избор да одлучат дали сакаат да се греат под новите услови. Жителите на Автокоманда велат дека немаат греење после …

Протест за парното во Автокоманда Read More »

Лажни се дојавите за бомби во 47 училишта во Скопје


Лажни се заканите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки, информира вечерва Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочуваат дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и девет средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна …

Лажни се дојавите за бомби во 47 училишта во Скопје Read More »

Гази Баба ќе испрати 500.000 денари помош на Турција и Сирија


Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба по иницијатива на градоначалникот Бобан Стефковски на која беше донесена Одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија. За седницата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: – 500.000 денари финансиска помош за настраданото население …

Гази Баба ќе испрати 500.000 денари помош на Турција и Сирија Read More »

Донации во Скопје по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија


На пункт на плоштадот Македонија отворен по разорниот земјотрес во Турција и Сирија, граѓани можат да донираат облека, храна, хигиенски средства и се она што им е неопходно на луѓето погодени во земјотресот. Пунктот е отворен 24 часа. МИА беше во посета на пунктот, каде разговараше со Ердем Демирел, кој има 22 години и е …

Донации во Скопје по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија Read More »

Герасимовски: Моја заложба е Центар да биде првата енергетски независна општина во државата


Државата, локалните самоуправи, институциите, компаниите, сите двигатели во општеството, но и целиот свет, се наоѓаат во енергетска криза. Овој е тежок период за сите држави и секоја се справува на најдобар начин во однос на капацитетите со кои што располага. Општина Центар беше првата општина која почна да ги спроведува препораките на Владата за заштеда …

Герасимовски: Моја заложба е Центар да биде првата енергетски независна општина во државата Read More »

Граѓаните од Автокоманда попладнево ќе го блокираат булеварот Александар Македонски, сакаат греење 24 часа


Жителите од Автокоманда своето незадоволство поради изменетите услови во испораката на топлинска енергија и поради промената на снабдувачот, денеска попладне ќе го искажат со блокада на булеварот Александар Македонски. Граѓаните повикуваат на масовно присуство на протестот, кој започнува во 18 часот на семафорите кај “Бакс“. оради протестот, МВР извести дека денеска во периодот од 18 …

Граѓаните од Автокоманда попладнево ќе го блокираат булеварот Александар Македонски, сакаат греење 24 часа Read More »

Дури во 33 основни училишта во Скопје има дојава за бомби


  Во 33 основни училишта во Скопје денеска има дојави за поставени експлозивни направи. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки. „Денеска околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е …

Дури во 33 основни училишта во Скопје има дојава за бомби Read More »

Дојави за поставени бомби во шест основни училишта во Центар


Попладнево по електронски пат стигнале дојави за поставена експлозивна направа во ООУ „Димитар Миладинов“, „ ООУ Јохан Хајнрих Песталоци“, „ООУ Коле Неделковски“, „ООУ 11 Октомври“, „ООУ Кирил и Методиј“, ООУ „Киро Глигоров“. Случајот е пријавен во полициската станица Беко по што полициски службеници веднаш ги евакуирале учениците, наставниот кадар и засегнатите присутни. По проверка на …

Дојави за поставени бомби во шест основни училишта во Центар Read More »

Дојава за бомби во основни училишта во Скопје – евакуирано „Лазо Ангеловски“


Денеска на пладне, дојава за поставени бомби примило ООУ „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром. Учениците од втората смена се евакуирани и се наоѓаат на Детската улица, од каде родителите и роднините си ги земаат децата.  Полицијата е на терен и ги проверува просториите.  Дојава за бомба има и во соседното училиште „Александар Македонски“, како и …

Дојава за бомби во основни училишта во Скопје – евакуирано „Лазо Ангеловски“ Read More »

Славески свика итен состанок по земјотресот во Турција


Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, во договор со советничките групи и градоначалничката Данела Арсовска свика состанок на координативното тело на Советот, на кој ќе се согледаат сите можности за испраќање хуманитарна помош за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Како што информира Славески, Советот ќе донесе одлука на итна …

Славески свика итен состанок по земјотресот во Турција Read More »

Ќе се реформира јавниот превоз, приватните превозници ќе се вратат на скопските улици


Речиси  четири часа приватните превозници преговараа со градоначалничката Данела Арсовска. – Останува на нас превозниците да се реформираме, да ги послушаме советите што ни се дадени, за да се вратиме на скопските улици. Сите насоки беа дека ќе се модернизира јавниот градски превоз, а ние ќе бидеме вклучени – рече претставникот на приватните превозници, Јовица …

Ќе се реформира јавниот превоз, приватните превозници ќе се вратат на скопските улици Read More »

Приватните превозници денеска на средба со Арсовска


Откако најавија нови блокади на крстосниците и булеварите, приватните превозници, денеска ќе заминат на средба со градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Вчера, приватните превозници се прегрупираа, па на протест излегоа во скопската населба Ченто. На чело на превозниците повеќе не стојат „Слобода превоз“ и „Макескпрес“, туку тие самостојно избраа координативно тело.  За оваа недела …

Приватните превозници денеска на средба со Арсовска Read More »