Дојави за поставени бомби во шест основни училишта во Центар


Фото: Б. Грданоски

Попладнево по електронски пат стигнале дојави за поставена експлозивна направа во ООУ „Димитар Миладинов“, „ ООУ Јохан Хајнрих Песталоци“, „ООУ Коле Неделковски“, „ООУ 11 Октомври“, „ООУ Кирил и Методиј“, ООУ „Киро Глигоров“.

Случајот е пријавен во полициската станица Беко по што полициски службеници веднаш ги евакуирале учениците, наставниот кадар и засегнатите присутни.

По проверка на училишните објекти полициските службеници констатирале дека станува збор за лажна дојава за бомба.

Повикувам на смиреност се до расчистување на серијата дојави кои предизвикуваат немир кај родителите, децата и вработените во училиштата, пишува градоначалникот Горан Герасимовски.