Дојава за бомби во основни училишта во Скопје – евакуирано „Лазо Ангеловски“


Од симулациската вежба за евакуација

Денеска на пладне, дојава за поставени бомби примило ООУ „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром.

Учениците од втората смена се евакуирани и се наоѓаат на Детската улица, од каде родителите и роднините си ги земаат децата. 

Полицијата е на терен и ги проверува просториите. 

Дојава за бомба има и во соседното училиште „Александар Македонски“, како и во „Љубен Лапе“, „Димитар Македонски“ во Лисиче, „Димитар Миладинов“, „Коле Неделковски“ и „Песталоци“ во Центар.

Веројатно дојава за поставени бомби има во повеќе училишни објекти на територијата на Скопје, но од МВР најавуваат информации подоцна.