Ќе се реформира јавниот превоз, приватните превозници ќе се вратат на скопските улици


Речиси  четири часа приватните превозници преговараа со градоначалничката Данела Арсовска.

– Останува на нас превозниците да се реформираме, да ги послушаме советите што ни се дадени, за да се вратиме на скопските улици. Сите насоки беа дека ќе се модернизира јавниот градски превоз, а ние ќе бидеме вклучени – рече претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, кои денеска беа на средба со градоначалничката Данела Арсовска.

Официјално не е ништо договорено, треба да пренесат на колегите од двете здруженија. Оваа недела ќе има уште најмалку еден состанок, за да се направат следните чекори.

Не може да се каже точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе има уште еден состанок за да се договорат деталите. Тие се надеваат дека сите приватни превозници ќе се вратат на линиите кои ги опслужуваа. 

Засега немаат понуда за кои линии треба да возат, ниту кога точно би почнале, но се задоволни од средбата и веат дека треба да следат насоки.

Блокада на сообраќајот нема да има.

Град Скопје нема долг кон превозниците, туку ЈСП, а за тоа треба да се утврди динамика за исплаќање на средствата.