Без струја делови од повеќе скопски општини, без вода дел од Карпош


Фото: Б. Грданоски

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Бутел, Сарај, Кисела Вода, Аеродром и Петровец.

Од 11 часот до 12 часот без струја ќе останат корисниците од село Ракотинци околу школото. 

Од 09 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ од бр. 98 до бр.104 во Општина Бутел. 

Во селата Чајлане и Паничари струја ќе немаат од 10 до 14,30 часот.

Од 11 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците околу бр.10 од ул. „Фредерик Шопен“ во Општина Кисела Вода.

Во Индустриската зона Чојлија, без струја ќе бидат фирмите Џанвики и Фарма Роли од 10 до 12 часот. 

Од 09 до 14 часот без струја ќе биде дел од ул. „Тодор Чангов“ бр. 4Б и бр. 44 во Општина Аеродром. 

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа денеска без водоснабдување од 09,00 часот ќе бидат корисниците од Општина Карпош, од следниве улици: Дрезденска, Алжирска, Каирска , Борка Талевски, дел од Њуделхиска, Римска, Бахар Моис, дел од Анкарска, дел од Атинска, Панче Пешев и Наум Евро.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.