Повторно дојава за бомби во 12 скопски училишта, но и во Ист Гејт, Скопје сити мол, МРТВ…

Закана за поставена експлозивна направа на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол


Илустрација - Фото: Б. Грданоски

Неколку скопски училишта и денеска добија дојава за поставени експлозивни направи. 

Дојава стигнала во средното училиште „Владо Тасевски“, како и во гимназијата „Ѓорѓи Димитров“.

Веројатно дојава имаат добиено и други училишта. Полицијата е на терен и ги пребарува објектите, а учениците и вработените повторно се евакуирани.

Вчера , лажни дојави за бомби имаше во 47 училишта во Скопје од кои 38 основни и девет средни. 

МВР: Дојава за бомби во училишта и трговски центри

Денеска околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.