Без вода поголем дел од скопската Стара чаршија


ЈП Водоводо и канализација – Скопје информира дека поради уличен дефект на ул. „Салих Асим“ бр. 43 без вода од 6:30 часот е поголем дел од Стара Чаршија. Снабдувањето со вода ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. Од ЈП информираат исто така е одложено работењето на дефектот на затворач ф-80 мм на ул. Самоилова […]

Помал број на седишта, покомотни редови: Како ќе изгледа Универзална сала?


  Универзалната сала ќе се реконструира на постојното место, со зачувување на истиот габарит и автентичниот изглед. Kонечниот изглед беше промовиран за време на мандатот на скопскиот градоначалник Шилегов. Изведбениот проект за реконструкција е изработен од проектантското биро „Мегарон инженеринг“. По една недела откако багери влегоа и почнаа да го расчистуваат просторот кај Универзална сала […]

Конзерваторското мислење за 17-катницата кај Воена болница треба веднаш да се поништи, објави министерката за култура


  Незаконски било издадено конзерваторското мислење кое овозможи изградба на 17-катница за 2.000 жители кај Воена болница, констатирала работната група во Министерството за култура. Според министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, побарано е негово итно поништување. Немаше конкретен одговор дали ова ќе значи и итно стопирање на градбата и рече дека другите институции, меѓу кои е Општина Карпош, […]

Универзална сала ќе биде готова за три години (галерија)


  По неколкугодишни одложувања, смена на надлежностите со обезбедени средства, Универзалната сала треба да биде реконструирана за три години, а нејзината поправка почнува денеска, под закрила на Министерството за култура. „Да го најавиме започнувањето на реконструкцијата на Универзална сала – архитектонски и културен симбол на Скопје. Министерството за култура презеде обврска во наредните три години […]

(Видео) Почнува реконструкцијата на Универзална сала


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герсимовски и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ќе присуствуваат на почетокот на градежните работи на објектот Унивеерзална сала

Без вода дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје известува дека денеска, од 9 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Невеска“, „Воденска“, дел од „Разловечко Востание“ и дел од „Волгоградска“, во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на ул. Невеска 4. Корисниците без вода ќе бидат до завршување со санација на дефектот. 

Без струја дел од општините Чучер Сандево, Бутел, Кисела Вода и Зелениково


ЕВН Македонија известува дека денеска без струја ќе бидат селата Побожје и Горњани во општина Чучер Сандево, како и неколку улици во општините Кисела Вода и Бутел и село Зелениково. Прекинот на струја во село Побожје ќе биде од 9 до 13 часот. Покрај селото Побожје, во општина Чучер Сандево без струја ќе бидат и […]

Почеток на градежните работи на Универзална сала


Министерството за култура денеска пред Универзалната сала ќе го објави почетокот на градежните работи на овој објект. Најавено е присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, управителот на фирмата изведувач „Универзал-Балкан“, Билјана Блажевска, проектант од „Мегарон инженеринг“, Бујар Муча и надзорниот […]

Сите најавуваат претставки за стопирање на ДУП-от за Ѓорче Петров


Повеќе од 30 згради, индустриски објекти, трговски единици на огромни површини и повеќе од 10.000 нови жители треба да добие дел од Општината Ѓорче Петров, спроти пазарот, откако советниците на саботната седница го изгрласаа новиот ДУП за градска четврт СЗ 16. Реакции на овој урбанизстички план стигаат речиси од сите засегнати страни, но и од […]

Се чисти депонијата во дворот на поранешна „Ранка Милановиќ“


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и министерот за труд и социјална политика во техничката влада Ѓоко Велковски денес беа во посета на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“.   „Започна решавањето на проблемот во поранешниот дом „Ранка Милановиќ“. Утрово заедно со министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски бевме во посета на поранешниот дом […]

Кратка историја за ДУП-от во Ѓорче Петров – кој добива, а кој губи?


Од иницијативата О2, читко напишале што сѐ се случувало последните години во Општина Ѓорче Петров, пред во саботата да се изгласа ДУП за градска четврт С3 16, каде според него, треба да никнат згради од 21, 18, 16, 14 ката.    „На вонредна седница вчера советниците на Општина Ѓорче Петров без ниту еден глас против […]

Работилници против врсничко насилство во сите основни училишта во Карпош


Учениците од сите општински основни училишта во Карпош, деновиве активно учествуваат во работилниците против врсничко насилство, кои се спроведуваат во рамки на општествено одговорната кампања на Макпетрол „Крени глас против врсничко насилство“. Имено, основците и стручните служби во училиштата учествуваат во работилници кои се одржуваат во секое училиште поединечно, преку кои што се запознаваат со […]

Поскапе имотниот лист – за да се исплатат давачките ќе треба кредит


Тројно поскапеа дел од катастарските услуги, па при купување нов стан и упис во Катастар, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, јави Сител. Досега, при промена на сопственост, во еден имотен лист се запишуваше покрај квадратурата на станот и дел од заедничките простории, како и дел од […]

Делови од Сарај и Чучер Сандево без струја


Без струја денеска ќе останат делови од општините Сарај и Чучер Сандево, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од „ЕВН Македонија“ АД пристигнала информација дека во период од 08.30 до 11 часот, без напојувањe ќе останат дел од потрошувачите на село Крушопек, општина Сарај. Во период од осум до 15 часот, […]

Арсовска најави кривична пријава и против претседателот на синдикатот на ЈСП


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави дека ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои најавија дека ќе го остават Скопје без јавен превоз. „Не може некој да излезе на 15-ти во месецот и да рече нема плата, нема да се вози, а врши дејност од јавен интерес. За тоа кривично ќе одговара оној […]

Министерството за транспорт и градоначалникот на Ѓорче контра Арсовска


Министерството за транспорт и врски тврди дека не носи урбанистички планови и не се меша во развојот на општините, а градончалникот на Ѓорче Петров вели нема три нов хемиски фабрики, туку развој на постојната. Овие одговори односно реакции се по обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која смета дека во саботата донесениот ДУП […]

Градот Скопје од Уставниот суд ќе побара стопирање на ДУП-от во Ѓорче Петров, подготвуваат и кривични


Повеќе закони и постапки се прекршени при носење на ДУП за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Општината Ѓорче Петров и затоа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави кривични пријави за градоначалникот, претседателот на Советот, министерот за транспорт и врски и други инволвирани лица. Град Скопје исто така ќе побара од Уставниот […]

Новиот ДУП во Ѓорче, може при природна непогода, да го отсече половина Скопје


Откако советниците на Општина Ѓорче Петров, на вонредна седница донесоа ДУП за централното подрачје на општината, каде се предвидени повеќе висококатници, што би донеле нови 10.000 жители, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека најмал проблем се зградите. Нејзе ја загрижува небезбедноста на планот.  – Најмалиот проблем на тој ДУП се зградите. Прво треба да […]

Без вода дел од општина Ѓорче Петров


Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Стево Филиповиќ“ во општина Ѓорче Петров.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на цевка со профил од 200 милиметри на улицата „Исаија Мажовски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира […]