Градот Скопје од Уставниот суд ќе побара стопирање на ДУП-от во Ѓорче Петров, подготвуваат и кривични


Фото: Б. Грданоски

Повеќе закони и постапки се прекршени при носење на ДУП за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Општината Ѓорче Петров и затоа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави кривични пријави за градоначалникот, претседателот на Советот, министерот за транспорт и врски и други инволвирани лица. Град Скопје исто така ќе побара од Уставниот суд да го стопира реализирањето на овој, според нив, штетен и небезбеден план.

Арсовска, на прес-конферецнија  рече дека прво општината не ги собрала сите согласности од надлежните институции за да може  ДУП-от да го стават на располагање, а и таа согласност што ја имаат од Министерството за транспорт и врски е добиена според неважечки документи. Имено, документите кои биле обезбедени со висина од 5 или седум ката за зградите, сега се сменети со 14 и 20-катници, што според Арсовска ги прави документите неважечки.

Без согласнот од Град Скопје, Советот на општина Ѓорче Петров викендов на седница изгласале измени на Деталниот урбанистички пан (ДУП) со кој се драстично зголемени од 5 ката + поткровје, на 20 ката + поткровје дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“.

Како што појасни градоначалничката Арсовска, иако морале да побараат мислење од надлежните институции, општината до Министерството за транспорт и врски доставиле барање, од каде на 16 февруари годинава е добиена согласност и во сабота е поминато на Совет на општината. 

Според Арсовска, согласнот за ДУП-от имало само од Агенцијата за катастар на  недвижности, а Град Скопје дале две негативни мислења.

За неа е спорно и тоа што ДУП-от предвидува изградба на хемиски постројки, кога градот се бори против загадувањето, како и времето на донесување на планот, во сабота, со мислење од  ресорното министерство, добиено за еден ден. 

 – Три објекти се уцртани во овој план, од 157.000 метри квадратни со хемиска индустрија – рече Арсовска. 

Виновни за ова ова Арсовска ги најде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев, за кои тврди дека поради лични интереси, се дозволи да се изгласа можност за градба на ненормално големи објекти, како и објекти за хемиска индустрија во самото срце на градот.