Без вода дел од општина Ѓорче Петров


Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Стево Филиповиќ“ во општина Ѓорче Петров. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на цевка со профил од 200 милиметри на улицата „Исаија Мажовски“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот.