Нешто се прави на Универзална (фото)


Мајстори однадвор ја бојадисуваат и прават други зафати на челичната конструкција. Од внатре се слуша звук на механизација. Проектот Универзална , симбол од постземјотресниот период кој буди емоции кај сите скопјани и во Македонија, конечно добива на динамика по долгиот период на застој и „перипетии“ од минатото, но и пожар во тек на реизградбата. Фокусот […]

Почна демонтажа на две хидроцентрали на Шар Планина


Во координација со надлежните државни институции почна демонтажата и изнесувањето на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница, соопшти Националниот парк Шар Планина. Оттаму оценуват дека станува збор за значаен чекор кон обновување на природниот екосистем. „Природата не се чува само со зборови. Таа се чува со дела, со […]

Фишинг напади преку пораки од лажен „Безбеден град“ – МВР сподели на што да внимаваат граѓаните


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк […]

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства


 Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не […]

Испразнетите места во Уставниот суд ќе се пополнат до крајот на август


Блокадата во која западна Уставниот суд откако се испразнија две судиски места ќе биде надмината во текот на претстојниот месец со изборот на нови судии, изјавил  за весникот ВЕЧЕР Ѓорѓија Сајковски, претседател на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања и пратеник на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи дека тогаш ќе се комплетира составот на […]

Пановски за допреното дно во Гостивар: За 250 евра страда цел град


Доктор Никола Пановски со остра реакција на социјалните мрежи посочи на, како што оценува, неверојатен бирократски пропуст поврзан со водоснабдувањето во Гостивар. Според неговиот Фејсбук-статус, проект вреден седум милиони евра, финансиран со швајцарски грант, бил закочен поради неплатена фактура од 16.500 денари. Пановски се повикува на информации, според кои ЈП „Комуналец“ – Гостивар соопштило дека […]

Судот во Струга му го врати пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски


  БИТОЛА – Основниот суд во Струга му го врати пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски обвинет за злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“. Оваа информација за „Независен“ лично ја потврди претседателот на Основниот суд Струга, судијата Вулнет Винца. „Пасошот на обвинетиот Борче Марковски му е вратен со одлука на судот бидејќи има приложено […]

Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети


Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“. – Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден […]

Таблетарната терапија за онколошките пациенти се планира да се издава и во аптеки


Има план во врска со онкологијата и дел од него е сè што е во таблетарна форма да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките. Минатата година беа префрлени два лека за рак на дојката од болницата во аптеките и неколку илјади пациентки веќе немаат потреба да одат […]

Утре Отворен ден во Карпош, граѓаните за проблемите ќе разговараат со градоначалникот


Општина Карпош ги поканува сите граѓани да присуствуваат на Отворениот ден што ќе се одржи утре, 29 јули, од 13:00 до 17:00 часот, во холот на општинската зграда. На настанот, граѓаните ќе имаат можност директно да се сретнат со градоначалникот Сотир Лукровски, како и со раководителите на општинските сектори, да постават прашања, да предложат идеи, […]

Времен режим на сообраќај до петок во дел од Дебар Маало


Поради продолжување на градежните активности за реконструкција на улицата „Ленинова“, Општина Центар ја информира јавноста дека од денеска до петок ќе биде воведен времен режим на сообраќај во дел од населбата Дебар Маало. Во периодот од 8 до 16 часот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците на потегот од „8 Март“ до „Коста Веселинов“, во […]

Алмир Даути в.д директор на ЈП Комуналец во Гостивар


 Со гостиварското комунално претпријатие „Комуналец“ како вршител на должност раководи Алмир Даути. Според градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, назначувањето било неопходно, со оглед на обврските кои ова јавно претпријатие ги извршува. – Претходно имав средба со раководителите на секторите во „Комуналец“ и им предложив да одредат еден од нив и да ја врши административно […]

Водата во Крушево е исправна за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство ја повлече забраната


Водата во Крушево е исправна за пиење, a Агенцијата за храна и ветеринарство штотуку ја повлече забраната и водата од крушевскиот водовод може да се употребува за пиење.    Од прилепскиот Центар за јавно здравје ги добија резултатите и од третиот, последен последователен примерок за испитување, со што е потврдена исправноста на водата во Крушево, […]

Министерот Клековски загрижен во Гостивар да не се појави жолтица


  Најкритичната фаза со епидемијата во Гостивар изгледа е надмината затоа што таа се смирува, но за министерот за здравство, Сашо Клековски, е загрижен дека сега може да се појават нови заразни заболувања, како жолтица. Клековски на денешната прес-конференција соопшти дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и […]

Со „вообичаена здравстена состојба“ Клековски го намалува ефектот на епидемијата во Гостивар


Министерот за здравство, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција соопшти дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, но здравствените власти остануваат во состојба на засилен надзор поради можноста од појава на нови заразни заболувања. Клековски посочи дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и 125 дневно, […]

Клековски: Годинава во Македонија има четири случаи на маларија, три на денга, еден на зика и осум на западнонилска треска


Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека годинава во Македонија има регистрирани четири случаи на маларија, три случаи на денга, еден случај на зика и осум случаи на западнонилска треска. Клековски воедно упати апел до граѓаните што патуваат во ризични подрачја да ги почитуваат препораките за заштита. Според него, по две години без регистрирани случаи […]

Средношколците од прва година во Скопје, добиваат бесплатни униформи


Со цел да се унапреди еднаквоста меѓу учениците и да се обезбедат подобри услови за образование, се воведува мерка за доделување бесплатни униформи за сите ученици запишани во прва година во средните училишта. Оваа мерка има за цел да ги намали социјалните разлики, да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе кон создавање […]

Општина Прилеп апелира: Не користете вода од овие две јавни чешми


Општина Прилеп ги предупреди жителите на селата Ореовец и Леништа дека водата од локалните јавни чешми не е здравствено исправна, откако лабораториските анализи покажале присуство на бактерии, поради што се препорачува посебна претпазливост. Според соопштението, водата од локалниот водоснабдителен систем во Ореовец, односно од јавната чешма во центарот на селото, содржи бактерии од цревно потекло […]

Заводот за ревизија изрази резерва за финансиските извештаи на Комисијата за заштита на конкуренцијата


 Државниот завод за ревизија го објави извештајот за ревизија на Комисијата за заштита на конкуренцијата. -Извршивме ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Комисија за заштита на конкуренцијата, на сметката на основен буџет (637) за 2024 година. Со извршената ревизија, изразивме мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за […]

Левица обвинува дека власта го приватизира „Скопје – европска престолнина на културата“


Левица тврди дека власта преку фондација го претвара настанот „Скопје – европска престолнина на културата“ во приватен проект кој ќе се остварува со јавни пари.  -Во Собранието, по скратена постапка, е доставен Предлог на закон за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ со кој се предлага и основање на Фондација […]