Без струја денеска дел од корисниците во Аеродром и Центар
Без струја денеска од 8 до 14 часот ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ лоцирани спроти ресторанот „Рагуза“, дел од корисниците на улицата „Бранко Гапо“, како и дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“ – крак 17 во Општина Аеродром.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија АД, поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 8:30 до 14 часот ќе останат и корисниците од улицата 1732 во Градски парк, во реонот кај тениското игралиште „Југ“, објектот на Кошаркарскиот клуб „Работнички“, како и објектите на рестораните „Уранија“, „Маракана“ и „Вршац“ во Општина Центар.