Без вода денеска дел од корисниците во Карпош


Фото: Б. Грданоски

 Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Ташкенска“, „Мексичка“ и „Хаванска“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје,  прекинатото водоснабдување е поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Хелсинки“ бр. 53.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот до завршување на санацијата на дефектот.