ДОМ: Водно не е градежна парцела, ќе гласа против „Барутана“
-Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат петицијата и да се вклучат во јавната анкета за нацрт ДУП-от „Барутана“. Петицијата може да се потпише на следниот линк: Стоп за бетонизација на Водно. Советникот на ДОМ во Општина Центар ќе ја поддржи иницијативата и ќе гласа за заштита на Водно од понатамошна бетонизација. Во Советот ќе се заложи за повлекување и преиспитување на планот, зачувување на шумските површини и планинарските патеки и почитување на јавниот интерес.
ДОМ смета дека недозволиво е Водно да се третира како градежна парцела. Неговата шума е природен заштитник на Скопје и има клучна улога во спречувањето на ерозија, лизгање на земјиштето и поројни води. Особено загрижува фактот што се отвора простор за нова изградба на стрмен и пошумен терен, и покрај предупредувањата за еколошките и безбедносните ризици. Заштитата на шумата и природниот амбиент мора да имаат предност пред интересите за евентуална градба. Водно е зелениот штит на Скопје. Да го заштитиме, а не да го бетонизираме, порачуваат од ДОМ.