Денеска ќе бидат објавени конечните ранг-листи за примени студенти на факултетите на УКИМ


Факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе ги објават конечните ранг-листи за примени студенти во прва година во академската 2026/2027 година од првиот уписен рок, кој беше организиран на 18 и 19 август. Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември.  Со  конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети […]

Топло со умерена локална облачност, попладне нестабилно


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со […]

Некој си поигрувал со резервоарот за вода во Галичник


Поради сушниот период и зголемената потрошувачка во Галичник, од вечерва 26.08.2026, се воведува рестрикција на водоснабдувањето. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 21 до 6 часот. Апелираме до сите жители и посетители водата да ја користат разумно и одговорно, исклучиво за неопходните потреби, и да избегнуваат полевање на дворовите и друга непотребна потрошувачка. Со […]

Пад од 7,9 проценти на бројот на превезени патници со автобус во вториот квартал


 Во вториот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 219 000 и е намален за 7.9 проценти во однос на вториот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во градскиот превоз бројот на превезени патници во второто тримесечје годинава во однос на истиот период лани е намален за […]

Поплавените подруми и шахти во Аеродром, Ново Лисиче и Чаир се легла на комарци преку целата година, а таму не прскаат


Поплавените подруми и шахти во Аеродром, Ново Лисиче и Чаир се високоризично подрачје од комарци преку целата година, покажува денеска промовираниот сајт на Министерството за здравство за состојбата со западнонилската треска, од која годинава регистрирани се 53 случаи, 21 се во болница, а починаа петмина.   Сајтот е одлично изработен и содржи податоци за бројот […]

Промовирана нова веб-страница со податоци за состојбата со западнонилска треска, ризичните подрачја и преземените активности


Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/, на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство.  – […]

Вештачење на одбраната за „Онкологија“: Во лекувањето учествувале од три до осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност


Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три до шест или осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност – тврди одбраната за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир […]

Левица: ВМРО-ДПМНЕ ризикува овца да не остане во Македонија!


Левица тврди дека чекајќи донација место да купи вакцини, ВМРО-ДПМНЕ ризикува ниту една овца да не остане во државата. -Владата знае дека овчите и козјите сипаници се шират, дека цели стада се уништуваат и знае дека сточарите остануваат без егзистенција, но наместо веднаш да набави вакцини со буџетски средства, чека само најавена донација Турција и […]

Клековски: Во болница се лекува 21 лице, за три се чека потврда за присуство на западнонилската треска


За три лица се чека потврда дали се заразени од вирусот западен нил, а шестмина се на интензивно лекување. На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 лице, а кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилската треска – изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.  – Во моментот имаме 53 […]

Македонија со нов закон ќе се заштити од инвестиции што ја загрозуваат националната безбедност и стратешките цели


Македонија законски ќе се заштити од странски инвестиции кои можат да бидат закана за националната безбедност, јавниот ред и стратешките интереси. Од денес во процедура во Собранието е Предлог на законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции кој на барање на САД и на ЕУ треба да воспостави систем преку кој ќе се контролира […]

Тошковски: Место 200 примени сите 310 кандидати во Средното полициско училиште


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во утринската програма на Телевизија Алфа, соопшти дека околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште, односно сите кандидати кои успешно ги поминале предвидените селекции, проверки и елиминациони критериуми. Иако првично беше предвиден прием на 200 ученици, по направените анализи и консултации, како и по […]

Не може скапаните возила да стојат по паркинзите – Аеродром ги однесе, вие ќе си платите!


Општина Аеродром продолжува со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место – депо на Општината, […]

Ковачевски саркастичен, имала среќа Америка што го нема Пехчево


Поранешниот премиер Димитар Ковачевски со сарказам ја искоментира вчерашната одлука на Советот на Општина Пехчево на 11-та седница едногласно да ја отфрли иницијативата поднесена од приватен инвеститор за отпочнување постапка за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на дата-центар. „Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево […]

Познаници, роднини, симпатии бараат од деца да им пратат интимни фотографии – децата се срамат и не пријавуваат


 Едно до 10 деца на возраст од 12 до 17 години во период од една година во државава биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво. Од нив 48 отсто биле изложени на повеќе од една форма на злоупотреба или експлоатација. Поеднакво се засегнати и момчињата […]

ДОМ бара опожарените шуми да се обноват, а не да станат извор на профит


Демократската обнова на Македонија (ДОМ) бара санацијата и обновата на опожарените шуми да бидат прва обврска по секој пожар — со јасна институционална одговорност, стручни планови и целосна транспарентност — за да се оневозможи комерцијална сеча на опожарените дрва.   -Пожарот на Китка, како и низата пожари низ Македонија, покажуваат дека одговорноста на државата мора […]

Се гради автопатот Скопје – Блаце: На 10,5 км ќе има 5 тунели и 8 моста (во живо)


Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. […]

Еко свест алармира: Во Маврово се подготвува нова сеча на шума


Еко свест алармира дека според информации од локалното население, во Маврово се поставени  машини за сеча на шумата и отворање пат за изградба на МХЕ Рибничка, објект околу кој има спор и е причина за кочењето на процесот на репрогласување на Маврово за национален парк. „Институцијата која треба да ја штити нашата природа е заглавена […]

Шест нови случаи на западнонилска треска – вкупно досега заболени 50 лица


Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во земјава се зголеми на 50, откако во текот на еден ден се регистрирани уште шест нови случаи. Петмина од нив се од Скопскиот регион, од кои тројца се жители на Гази Баба, сите на возраст над 70 години; еден пациент е од Зелениково и има 26 години, […]

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО – Скопје. На […]

Курти официјалнo во Скопје за одбележување на роденденот на Мајка Тереза


Косовскиот премиер Албин Курти денеска (26 август) ќе престојува во официјална посета на Скопје, каде што ќе учествува на повеќе настани посветени на одбележувањето на роденденот на Мајка Тереза. Централниот настан ќе се одржи во Музејот на современа уметност, под покровителство на првиот вицепремиер Беким Сали. На свеченоста, покрај Курти, се очекува да присуствуваат и […]