Без струја делови од Петровец, Центар и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска во периодот од 08.00 до 10.30 часот ќе бидат корисниците од селата Летевци и Брезница, како тунелот Катланово во општина Петровец, информира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 14.00 часот че немаат и корисниците на ул. Козара бр.27А во општина Центар и на ул. Апостол Петков во општина Ѓорче Петров.

Ресен домаќин на манифестацијата „Мојот дел од природата“ по повод Светскиот ден на езерата


По повод Светскиот ден на езерата, Македонското еколошко друштво, во соработка со Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“ денеска на градскиот плоштад „Цар Самоил“ во Ресен ќе ја организира јавната манифестација „Мојот дел од природата“, посветена на природното наследство на Преспа и неговото зачувување. Настанот ќе започне во 18 часот со обраќања на градоначалникот на […]

Презентација на резултатите од истражувањето „Disrupting Harm” за сексуална експлоатација и злоупотреба на децата со помош на технологија


Резултатите од истражувањето „Disrupting Harm“, кое за првпат обезбедува сеопфатни докази за природата и обемот на технолошки овозможената сексуална експлоатација и злоупотреба на деца во Северна Македонија, денеска ќе бидат презентирани во Скопје. Истражувањето е дел од повеќедржавната програма Disrupting Harm, финансирана од Safe Online, а спроведена од ECPAT International, INTERPOL и Канцеларијата за истражување […]

Одбележување на роденденот на Мајка Тереза


Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата. По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централниот настан по повод роденденот […]

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско


Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа, доцна синоќа околу 22:20  часот беше целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои напомош им дојдоа нивните колеги од ТППЕ од Кавадарци и Неготино и пет доброволци од Доброволно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување и четири Огнени тимови […]

Сончево и топло до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до […]

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош


Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата, како што информираат од општината, се одвиваше во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за […]

Засилени контроли за електричните тротинети – регистрирани 965 прекршоци


Речиси илјада прекршоци за нешто повеќе од два месеца покажуваат дека правилата за движење со електрични тротинети сè уште не се почитуваат доследно. Од 18 мај до 31 јули 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спровел засилени контроли на целата територија на државата, при што биле констатирани вкупно 965 прекршоци од страна на возачи на […]

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати


 До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари:  Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и […]

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје – доаѓа Албин Курти


Утре, среда, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Поради посетата, од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. ,,СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници […]

Протест на земјоделците во Струмица. Таму беше и министерот Серафимовски


  Производителите на црвената пиперка „ајварка“ од Струмичко денеска со блокада и протест пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на откупните цени, кои беа договорени на 12 овој месец меѓу земјоделците и откупувачите со посредство на ресорниот министер Борче Серафимовски. На протестот на земјоделците присуствуваше и […]

Судење „Пулс“: Суштинските прашања како да се најтешки за поставување


 Тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски – сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо […]

Од денеска за 15 отсто намалени цените на училиштниот прибор (видео)


Намалување на цените од 15 отсто на тетратки, ранци, молици, торби, или се она што им е потребно на учениците за почетокто на новата учебна година, може да се очекува во книжарниците од денеска, а намалувањето ќе трае до 30 септември.  – Со почетокот на новата учебна година нашата цел е да им помогнеме на […]

Од утре лекот „myfortic“ за пациентите со транспланитрани органи ќе биде бесплатен Македонија


Пациентите со трансплантирани органи од утре (26 август) ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 мг и 360 мг без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. „Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни […]

Ерозија на образованието: Во основно 200 паралелки помалку, во средно – 100


  Учениците ќе имаат учебници, тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата, соопшти денеска на прес-конференција министерката за образование Весна Јаневска, но затоа објави дека годинава има 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно.  Министерката обелодени дека во учебната 2026/2027 се запишани околу 14.500 првачиња, но тоа не е дефинитивниот […]

Пехчево не сака дата центри – Советот беше едногласно против


  По малку неочекувано Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар во градот. На денешната седница на Советот сите девет советници гласаа против. Пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 3 од СДСМ и коалицијата и 1 советник од Движење ЗНАМ, едногласно ја отфрлија иницијативата да има дата-центар во Пехчево. Имаше бурни реакции во […]

Преку порталот е-наука лесно се стигнува до истражувачите – моќна алатка за бизнисите и меѓународните научни мрежи


Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web […]

Нови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа настава


Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците […]

Три авиони на ДЗС, пожарникари и екипи на „Национални шуми“ го гаснат пожарот на Китка


Продолжува и денеска интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа Каршијак, при што на терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси. Во гаснењето се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и тимови на „Национални шуми“. Исто така, директорот на […]

Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“ е во завршна фаза


Општина Центар е во завршна фаза со реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“, која до почетокот на новата учебна година ќе биде целосно обновена и подготвена за учениците. Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во […]