Гази Баба нареди контејнери за кабаст отпад на неколку места до 11 октомври
Од вчера до 11 октомври, на територијата на Општина Гази Баба се поставени контејнери наменети за одлагање кабаст отпад.
Контејнерите се лоцирани во Стајковци, Црешево, Смилковци, Виниче, Брњарци, Булачани и Раштак, со цел граѓаните навремено и на соодветен начин да го одложат кабастиот отпад.
Од ЈКП „Гази Баба 2007“ апелираат до граѓаните кабастиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените контејнери, со што ќе придонесат за почиста, поуредна и поздрава животна средина.