Есенска дератизација во Карпош


Општина Карпош, преку овластен економски оператор, започна со реализација на годишната акција за есенска дератизација на територија на општината, која ќе трае до крајот на оваа календарска година.

Акцијата е дел од програмските активности на одделението за заштита и спасување и истата се
спроведува редовно и конитуирано со цел контрола и уништување на штетните глодари, како и превенција од појава и ширење на заразни болести. Во рамки на eсенската дератизација ќе бидат опфатени околу 5000 шахти на целата територија на Општина Карпош.

Претходно, Општина Карпош спроведе акции за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите општински основни училишта и детски градинки на своја територија. Преку спроведувањето на редовните превентивни мерки, Општина Карпош обезбедува заштита на јавното здравје и создава побезбедна и поздрава животна средина.