Карпош казни седуммина што фрлале ѓубре околу контејнери


Фото: Б. Грданоски

 Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, со што покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот.

-Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината – велат од Општина Карпош.

Оттаму додаваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.