Дигитализирано запишувањето на додипломски студии – законска обврска за студентите


Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за дигитална трансформација, воведе целосно дигитализирано прибирање на податоците за запишаните студенти на додипломски студии преку новиот електронски образец ВОИ.20. Почнувајќи од академската 2025/2026 година, хартиените обрасци се целосно исклучени, а сите активни студенти имаат обврска статистичкиот образец  да го  пополнат и да го достават по електронски […]

Утврдени новите состави на одборите за државните награди „Мајка Тереза“, „22 Ноември“ и „Свети Климент Охридски“


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната 53. седница ги утврди предлог-одлуките за разрешување и именување претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди „Мајка Тереза“, „22 Ноември“ и „Свети Климент Охридски“. За претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ е предложен академик Витомир Митевски. За членови […]

Ќе се продаваат ли апартмани во објекти изградени како хотели во Гази Баба?


NНа урбанистичка измама предупредува советник од редовите на СДСМ во Гази Баба, од која општината би загубила дури 23,5 милиони евра. Имено, тој тврди дека дел од издрадениот простор зад „Нст Гејт“, наменет за хотел, се продава како апартмани.  Ќе побараме одговори за Нацрт-ДУП ЦС 09 кај „Ист Гејт“. Станува збор за околу 141.000 квадратни […]

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24 часот на територијата со која стопанисува јавното претпријатие. Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен […]

Набљудување на делумно затемнување на Месечината од Кале


Утре, рано наутро, Скопското астрономско друштво ве кани на Кале за набљудување на делумното затемнување на Месечината.   „Скопското астрономско друштво утре, 28 август, ќе биде на паркингот пред Кале со телескоп и двоглед. Ќе бидеме таму од 04:30 до 06:00 часот. Доколку сакате да ни правите друштво, повелете, добредојдени сте да станете малку порано […]

Автобусите на ЈСП од 1 септември сообраќаат по зимски возен ред


ЈСП Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека, почнувајќи од 1 септември 2026 година, ќе започне примената на зимскиот возен ред на јавниот градски превоз.   Корисниците на јавниот превоз се известуваат навреме да се информираат за возните редови на линиите кои ги користат.   Актуелните возни редови може да се погледнат на официјалната […]

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен


 Агенцијата за храна и ветеринарство утрово потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје, во паркот покрај Општината. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски во изјава за медиумите. – Зошто е ова значајно? Многу видови птици се засегнати од вирусот. Гавранот е една од птиците која е […]

Автобуската линија „37“, од 1 септември по зимски возен ред


ЈСП „Скопје“ ги известува корисниците на автобуската линија број 37 – Карпош 3 – Радишани дека, почнувајќи од 01.09.2026 година, линијата ќе сообраќа согласно зимскиот возен ред.   Возниот ред за линијата број 37 може да се погледне на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје.   Потсетуваме дека од 17.08.2026 година започна да сообраќа новата линија […]

Помалку, но сепак многу жртви на патиштата: Ќе помогне ли Националната стратегија?


До 27 август годинава бројот на жртви на патиштата во државата изнесува 59, што е намалување за повеќе од 35 проценти во однос на истиот период лани кога биле евидентирани 96 жртви или 132 во цела 2025 година. Во 2024 во сообраќајки загинале 142 лица. Овие податоци ги изнесе министерот за внатрешни работи Панче Тошковски […]

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шеста жртва на вирусот


 Уште еден пациент починал од западнонилска треска вчера попладне, и ова е шести случај со смртни последици, потврди денеска директорот на Клиниката за Инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 72 – годишен пациент од Скопје. Пациентот бил со доста сериозни придружни заболувања.  За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште […]

Министерот Сулејмани изврши увид во изградбата на Универзална – очекува повидлив изглед


 Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска изврши увид во тековните активности за изградба на објектот на „Универзална сала“ во Скопје и се информираше за динамиката и напредокот на градежните работи.     При увидот, Сулејмани од страна на управителот на градбата „Мегарон Инженеринг“ – Скопје, надзорниот орган – Друштво за управување со проекти […]

Издвоени 546 милиони денари за капитални инвестиции во Ѓорче Петров


Општина Ѓорче Петров со првиот ребаланс на буџетот издвои 546 милиони денари за капитални инвестиции. Воедно, дополнително се зголемени средствата за унапредување на условите во детските градинки – 20 милиони денари, за изградба и реконструкција на уличната инфраструктура – 21 милион денари и за подобрување на јавната хигиена – 8 милиони денари. -Со овој ребаланс, […]

По толку злоупотреби државата конфискувала само 18.000 евра од завршени кривични постапки


При толку корупција и местење на јавни тендери, државата лани конфискувала само 18.000 евра по покренати кривични пријави.  Овој податок произлегува од извештајот за работата на јавните обвинителства во Македонија што денес се разгледува во Собранието.  И во него стои дека сумата што е конфискувана е премала, но се правдаат со фактот дека предметите со […]

Крива Паланка обезбеди бесплатни паркинг простори за посетителите за претстојните празнични денови


Во пресрет на големиот празник Успение на Пресвета Богородица и празникот на свети Јоаким Осоговски, патрон-заштитник на Општина Крива Паланка, како и закажаниот музички настан што ќе се одржи на 29 август на градскиот стадион во Крива Паланка, општината обезбеди повеќе бесплатни паркинг зони, со цел безбедно и организирано пристигнување на посетителите и непречено одвивање […]

Од утринава почна метежот на ГП ,,Богородица” за влез во Грција


Долга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин „Богородица“, на излез од Македонија кон Грција. Во периодот на 06:30 и 07:30 часот, на снимките од камерите можеше да се забележат голем број возила наредени во повеќе колони кои чекаат за преминување на границата. Зголемената фреквенција се очекува и во попладневните часови поради продолжениот викенд, […]

Герасимовски со есенска офанзива ќе ги лоцира сите проблеми во Центар


 Општина Центар започнува есенска теренска офанзива во која градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските служби и одговорните лица од урбаните заедници, ќе ги посети сите маала и улици на територијата на општината – соопшти денеска општинската прес-служба. Целта е директно на терен да се евидентираат проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – оштетени улици […]

Секојдневно се миело околу контејнерите!? „Комунална хигиена“ убедува – никој не верува


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите. Како што посочуваат од претпријатието, продолжуваат и со континуирано одржување на хигиената на скопските […]

ЦУК: До 7:30 часот 31 пожар на отворен простор, четири се активни, а три под контрола


Утринава до 7:30 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 24 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, […]

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“


Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Воин Драшкоци“ бб, за потребите на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“. Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните […]

Презентација на информации поврзани со досегашните истражувања на локалитетот „Пенелопа“ во Охрид


Археолошкиот музеј на Македонија и Заводот и музеј, Охрид денеска организираат настан на Археолошкиот локалитет „Пенелопа“, кој се наоѓа на просторот на поранешните бараки на „Трудбеник“, во близина на каналот Студенчишта во Охрид. ‎ ‎На локацијата, како што информираат од Општина Охрид, ќе бидат присутни стручните лица кои работат на археолошките ископувања, кои ќе дадат […]