Грција не оди кон поспецифични преговори за името доколку прво не се смени Уставот


Грчкиот премиер Алексис Ципрас на лидерите на грчките политички партии во телефонскиот разговор им ја повторил владината позиција за сложено име за севкупна употреба, уставна ревизија и спроведување на истата како предуслов за интеграција во меѓународните организации, соопштуваат од неговиот кабинет. Во однос на името, Ципрас ги известил претседателите на партиите дека владата не оди […]

Десницата фатена на препад


Десницата фатена на препад – е првата генерална оценка по обзнанувањето на можниот усогласен предлог за името на нашата земја: „Република Илинденска Македонија“. Жонглирајќи меѓу „Горна“ и „Северна“, јазикот, идентитетот и нивната транскрипција, преку ноќ на „виделина“ излезе „Илинденска“ и ги фати неподготвени оние што се подготвени за компромис, додека кај тврдокорните ставот е ист […]

Алпинисти, велосипедисти, кајакари на фестивал кај Демиркаписката Клисура


Алпинисти, велосипедисти, кајакари, параглајдеристи и многу други учествуваат на петтиот по ред Фестивал кај Демиркаписка Клисура, кој викендов се реализира во Демир Капија. Настанот е во организација на Спортскиот клуб „Клисура“ и локалната самоуправа. Интернационалниот Фестивал за спортови во природа денеска го отвори градоначалникот Лазар Петров. Тој изрази задоволство што од година во година настанот […]

Ципрас-Павлопулос: Потребен е консензус за име што ќе издржи низ времето


Потребни се уставни промени како за ерга омнес, така и за елиминација на иредентизмот, за да постигнеме решение што ќе издржи низ времето, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на почетокот на средбата со грчкиот претседател. Грчкиот премиер, како што јави дописничката на МИА од Атина, во претседателската палата го извести претседателот Прокопис Павлопулос за разговорите […]

Млад прилепчанец пронајден мртов на улица


Дваесет и седумгодишен прилепчанец е пронајден мртов на улица синоќа околу 20:50 часот. Полицијата денеска соопшти дека 27-годишниот Ј.Р е пронајден на улицата „Бистра планина“ во Прилеп. Извршен е увид на местото, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Скопјани постојано бараат промени во мрежата на автобуски линии


Во главниот град има потреба од промени во постојната мрежа на автобуски линии и од воведување нови градски и приградски линии. Скопјани велат дека постојните автобуски линии се недоволни и оти мора некогаш да менуваат по два или три автобуси за да стигнат на училиште или на работа. Реагираат на преполните автобуси и на доцнењата, […]

Нова демократија: „Илинденска Македонија“ се поврзува со создавањето македонска држава што го вклучува Солун


Премиерот Алексис Ципрас телефонски го брифираше претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, дека со господинот Зоран Заев разговара за името „Илинденска Македонија“, соопштуваат од грчката опозициска партија. За Нова демократија конкретното име не е прифатливо затоа што било поврзано со создавање на македонска држава и нација што го вклучува и Солун. – Ова име историски […]

Денеска променливо облачно со услови за дожд, температурата до 26 степени


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има и ретка појава на грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, дневната од 16 до 26 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје слично […]

Каков став ќе има Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ за името?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека ставот на партијата по евентуалниот предлог за договор за името ќе го даде после лидерската средба закажана за утре во Скопје. – Што се однесува на прашањето за името, да почекаме утре лидерската средба, после неа ќе имаме став и позиција. Засега немам став, јас сум сериозен човек, […]

Касами: Сметам дека треба да остане ова име


Лидерот на движењето БЕСА Билал Касами рече дека се уште не добиле официјална информација околу предлог решението за името. – Официјалниот став на БЕСА е името да ја рефлектира на реалноста на општеството во државата Македонија, а тоа е мултиетничноста и мултиконфесионалниот карактер. Секое друго име не ги претставува сите граѓани на Република Македонија. Лично […]

Села: Ако има договор меѓу Македонија и Грција, да се искористи моментот


Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците денеска од Охрид порача дека многу е важно ако постои договор меѓу Македонија и Грција да се искористи тој момент и да се отвори евроатлоанскиот пат на Република Македонија. – За други наши ставови треба да се соберат органите на партијата, треба да се консултираме со нашите експерти […]

Решеност кај парламентарните партии да работат на реформи


Претставниците на парламентарните партии во македонското Собрание на првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ одржана во Охрид постигнаа согласност за промоција и придвижување на интегративниот процес кон ЕУ, истовремено согласувајќи се за спроведување институционални реформи, меѓу кои и оние што се однесуваат на Собранието како институција од која граѓаните очекуваат да испорача резултати […]

Кабинетот на Ципрас: Ако нема ерга омнес и уставна ревизија, дискусијата за било какво име е празна содржина


 Дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите на Владата, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер во врска со натписите во медиумите и ги споменуваат грчките позиции за ерга омнес име и уставна ревизија. Во соопштението испратено до медиумите, ја повторуваат вчерашната изјава на Алексис Ципрас по средбата со […]

Претседателот Иванов ќе присуствува на утрешната лидерска средба


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја прифати поканата на премиерот Зоран Заев за лидерската средба што треба да се одржи утре. – Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, имајќи ги предвид важноста на прашањето за името и државните интереси на Република Македонија, ја прифаќа поканата за информативна средба, иницирана од Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, закажана за утре, 19 […]

Министерство за транспорт: Возилата со носивост над 3,5 тони да го користат граничниот премин Глобочица


Патниот правец од Генерал Јанковиќ (Хани и Елези) до Качаник од денеска е затворен за возила со носивост над 3,5 тони, соопшти Царинската управа на Косово. Поради тоа, од македонското Министерство за транспорт и врски, препорачуваат возилата со носивост на 3,5 тони да го користат граничниот премин Глобочица.

Ѕанакопулос: Многу имиња се најдоа на маса, немаме стигнато до некое


Министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата, во интервју за грчкото радио „Алфа 989“ одби да ги коментира натписите во медиумите дека Илинденска Македонија е предлогот од македонска страна. Димитрис Ѕанакопулос, рече дека многу имиња се нашле на маса, но се уште двете страни не стигнале до конкретно име. – Многу имиња се […]

Пономарјов: Македонија цел на можна дестабилизација во пресрет на приемот во НАТО


Македонија трeба да биде подготвена на намерна дестабилизација на ситуацијата од страна на руски играчи во пресрет на можната покана за членство во НАТО доколку спорот со името биде решен, изјави за МИА Иља Пономарјов, пратеник во руската Дума. Како член на социјал-демократската партија Праведна Русија Пономарјев беше избран за пратеник на парламентарните избори во […]

Каракачанов: Бугарија нема проблем со предлогот „Република Илинденска Македонија“


Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска изјави дека за неговата земја нема проблем една од варијантите за ново име на Република Македонија да биде „Република Илинденска Македонија“. – Нам не ни пречи. На 1 август минатата година потпишавме договор со кој се обврзуваме заедно да ги славиме заедничките празници. Илинден е денот […]

(Фото) Уште еден автобус на гас ќе се вклучи во јавниот собраќај


ЈСП Скопје денеска потпиша договор со компанијата МАН Импортер Македонија, ексклузивен увозник на МАН за македонскиот пазар, за пробно користење автобус од типот Lion`s City A21 кој користи природен компримиран гас т.н. CNG. Договорот го потпишаа Кристијан Чушков, директор на ЈСП Скопје и Ивица Вилјац, директор на МАН Импортер Македонија. Новиот автобус во сообраќај ќе […]

Денес лидерска средба за преговорите за името во Клуб на пратеници


Премиерот Заев најави дека денес во 13 часот свикал лидерска средба во Клубот на пратениците, за да ги информира лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни. -Би сакал да се запази редот, да […]