Новите оџачари почнаа да работат


Новите оџачари, кои ја поминаа обуката што ја организира Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, како дел од практичната обука, почнаа со бесплатно чистење на 100 оџаци на домови на граѓани што се пријавија на повикот на Градот.

Скопје доби 10 нови оџачари, што се едуцираа изминативе три месеци, а по завршувањето на обуката секој ќе добие основни материјали за отворање сопствен бизнис. Градот Скопје најави дека ќе го субвенционира чистењето на оџаците.