Јакимовски: Немам намера да се извинам на новинарите


Јакимовски денеска, пред влегувањето во Судот, се обрати со вулгарни зборови кон новинарите. На новинарско прашање дали ќе им се извини на новинарите за неговиот однос, Јакимовски по излегувањето од Судот, рече дека нема намера да се извинува.
– Кон одредени луѓе немам намера да се извинувам. На оние кои се коректни сакам да ги поздравам на нивната коректност и сакам да им честитам за нивната професионалност. Кон оние кои не се професионални немам намера да се извинувам, додаде Јакимовски.
Од Основното јавно обвинителство, денеска соопштија дека злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања Јакимовски и неговите соработници го оштетиле буџетот на општината Карпош вкупно за 36.634.675 денари, овозможувајќи им да се стекнат со противправна имотна корист на правните лица Алконпроект во износ од 33.789.441 денари и С.М. Компани во износ од 2.845.234 денари.