МЗ: Инсулинот во Македонија без исклучок е со уреден рок на употреба


Во Република Македонија нема инсулин кој е со краток рок на употреба, се наведува во соопштението на Министерството за здравство во врска со пишувањата во дел од медиумите поврзано со наводниот краток рок на употреба на инсулинската терапија, заради појаснување на целокупната македонска јавност, а посебно за дополнително информирање на пациентите кои користат инсулинска терапија. […]

Дерковски: Нема „фантоми“ во Избирачкиот список


Претседателот на ДИК Оливер Дерковски денеска изјави дека нема фантоми на Избирачкиот список, кој според него е динамична категорија и никогаш нема да биде идеално чист, затоа што во списокот се наоѓаат лица кои на дневна основа се менуваат. -Ве уверувам дека нема фантоми на Избирачкиот список.Тоа беше терминологија што се користеше во изминатите години, […]

Во ВМРО-ДПМНЕ и гласови „за“ договорот со Грција


Теми врзани со тековната економско-политичка состојба беа предмет на расправа на вчерашната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето околу референдумот не беше отворено ниту на оваа седница. Извори од врвот на партијата признаваат дека за претстојното изјаснување околу договорот за името со Грција, всушност, не било расправано ниту еднаш досега во високите партиски тела. […]

Загадена храна од „Гала кујна“ причина за цревните инфекции на фудбалерите


Согласно стручното мислење на ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, затекнатата загадена храна од објектот „Гала кујна“ која во трпезарија на ФФМ ја консумирале седумте деца фудбалери е причина за појава на цревни инфекции кај нив, односно постои основано сомнение дека се работи за алиментарна токсоинфекција. Ова го соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), […]

Георгиевски до бугарската јавност: Во Заев имате прагматичен политичар


Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во колумната објавена за БГНЕС нагласува дека бугарскиот политички и државен врв води целосно непринципиелна политика во однос на македонскиот премиер Зоран Заев, во врска со неговата недамнешна изјава дека Илиденското востание е македонско. Нагласува дека тој лично во период од околу три децении обидувал во Македонија до воведе нов пристап […]

ДИК:  2.658 граѓани се провериле во избирачкиот список


До денеска до пладне 2.658 граѓани ги провериле своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), додека преку веб страната на Комисијата односно електронски тоа го направиле 11.481 граѓанин. На денешната седница на ДИК беше потенцирано дека увидот, што трае до 23 август на полноќ, се одвива без проблеми. Паралелно […]

Заев: Сите имаат институционална обврска да соработуваат за референдумот


Референдумот е обврска од важен државен карактер. Сите институции се должни да соработуваат со Државната изборна комисија (ДИК). И Владата стои на располагање, на принципиелно ниво, согласно законските овластувања, да обезбеди реализација на законските потреби на ДИК и тоа ќе го направиме, рече денеска премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на ДИК Оливер Дерковски […]

Протоѓер во бомбите за „Титаник“: Шврговски е копиле, коцкар и пијаница


Во дел од „бомбите“ што денеска се слушаат во Кривичниот суд во Скопје беше пуштена и снимка на која разговараат поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер. Порталот „Сведок“ објави дел од разговорите што се слушаа денеска во судот. Протоѓер изнервиран што јавниот обвинител Шврговски дал […]

Во првиот дел од „Титаник“ преслушани 46 „бомби“


Во Кривичниот суд дадена е пауза од час и половина за предметот „Титаник“ заради мајчинските обврски на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во претпладневниот дел беа слушани околу 46 разговори меѓу поранешни функционери како што се Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер. Слушањето на „бомбите“ почна од вчера кога беа презентирани 15-тина […]

Шекеринска: Македонија од изолирана држава стана партнер на НАТО


За само една година Република Македонија од проблематична изолирана држава денес е партнер од доверба на НАТО, партнер од доверба на нашите соседи и партнер од доверба на сојузнците, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод одбележувањето на Денот на АРМ-18 Август. Пред една година застанав пред вас во други околности – запоставена […]

The perils of Balkan Partition


Janusz Bugajski   After several provocative statements by Serbian and Kosovar politicians and in the midst of relative silence from Washington and Brussels, suppositions are growing that a territorial exchange is being planned between Belgrade and Prishtina. Kosova’s President Hashim Thaci has asserted that the Belgrade-Pristina dialogue will include talks on “border corrections” – a […]

Ахмети: Сите кои ja сакаат Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржат референдумот


Сите оние кои сакаат интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија ќе го поддржат референдумот на 30 септември, вклучувајќи ја и опозицијата, бидејќи евроатланската интеграција на земјата е исто така нивна програмска определба, истакнал лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети на средбата со амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. Во соопштението од […]

Кај Калишта и Радожда најмногу се краде риба


Државниот инспекторат за земјоделството(ДИЗ) во вонреден инспекциски надзор ги потврди сознанијата дека се врши масовно рибокрадење во водите на Охридско Езеро, а посебно во с.Калишта, с.Радожда, с.Пештани. Инспекторите одземаа вкупно 73 рибарски мрежи и 370 парчиња белвица, поради прекршување на Законот за Државен инспекторат и на Законот за рибарство и аквакултура. Во вторникот, во водите […]

И првиот човек на струмичката полиција во трка за наследник на Велковски


Првиот човек на скопската полиција Тони Јакимовски е најспоменуваното име за наследник на сменетиот Лазо Велковски во Бирото за јавна безбедност. Иако неговото именување се чини како завршена работа, бидејќи за него зелено светло дале и колегите во Министерството за внатрешни работи, како и претставници на меѓународната заедница, информациите до кои дојде „Независен весник“, укажуваат […]

И тендерите добиени од ВМРО-ДПМНЕ ли беа сомнителни?


Откако опозицијата реагираше дека веледрогеријата „Пановски“ го добила тендерот за набавка на лекови распишан од Клиниката за хематологија, односно директорката го доделила на фирма на татко си, и дека тоа претставува најдиректен судир на интереси и договорот не смее да биде склучен, на обвинувањата реагираше директорката на клиниката Ирина Пановска-Ставридис. Таа во соопштение до медиумите […]

Владата може да „брцне“ во буџетот за референдумот


Министерствата и другите органи на државната управа до денеска треба да достават информации до Министерството за финансии за средствата што би можеле да ги издвојат, односно пренаменат за кампањата за референдумот. Пресметките за средствата за потребите на референдумот ќе се направат во најбрз можен рок и потоа ќе бидат доставени и разгледани на владина седница, […]

Исчезната жена од Радовиш пронајдена мртва


Жител на Радовиш вчера во Полициската станица во градот пријавил дека на местото викано „Ќучук Ерик“ забележал починато женско лице, информира МВР. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица, а од страна на лекар од Јавната здравствена установа во Радовиш било констатирано дека на телото нема траги на насилство. Лицата Т.М. […]

Јанкулоска и Протуѓер во „бомбите“: Мора да ги стегнеме новинарите


Во дел од „бомбите“ што денеска се слушаат во Кривичниот суд во Скопје беше пуштена и снимка на која разговараат поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер за новинарските прилози на А1 Телевизија дека секој вработен во државната администрација треба да предложи по 15 гласачи. – […]

Македонците во Србија на 4 ноември ќе избираат членови на Националниот совет


Српскиот министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ денеска за 4 ноември ги распиша изборите за националните совети за малцинствата во Србија, меѓу кои и за македонското малцинство. Ружиќ на прес-конференција изјави дека во посебниот избирачки список до 15 август се запишале 475.000 граѓани кои можат да гласаат за 22-та национални совети. – […]

Пукање во Чаир: По едно лице се трага


Полицијата ги соопшти деталите околу престрелката што вчера се случи во скопската населба Чаир. По еден од пукачите сè уште се трага. Околу 19.10 часот пред маркет на ул. „Лазо Трповски“ во Скопје поради нерасчистени должничко-доверителски односи, настанала расправија помеѓу Б.Б. (23) и Р.Б. (20), двајцата од Скопје, од една страна и К.И. (51) од […]