Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на СЈО „Траекторија“ и „Тарифа“. Во случајот „Траекторија“ обвинети се четири службени лица – поранешни високи владини функционери. Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на […]

Премиерот Заев во официјална посета на Малта


Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Малта. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев денеска ќе оствари средба со претседателката на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, со претседателот на Владата Џозеф Мускат, по што ќе биде остварена пленарна средба меѓу двете владини делегации. Македонскиот премиер […]

Прогноза: Претпладне сончево, попладне дожд


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне локално нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југозападните планински делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 26 до 32 степена. УВ-индексот […]

Апелација ја укина пресудата против Богоевски за клевета на Ахмети и Џафери


Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата по тужбата за клевета и навреда против ексразузнавачот Слободан Богоевски, која ја поднесоа Али Ахмети и Муса Џафери, дознава  „Макфакс“.  Судиите од второстепениот суд предметот со насоки за натамошно постапување го вратиле на повторно судење. Тоа значи дека првите луѓе на ДУИ од почеток во граѓанскиот суд во Скопје […]

Амбасада на Франција: „Нон пејпер“ не е конечен документ, заклучоците ќе ги проучи Советот на 26 јуни


Амбасадата на Франција со став дека, заклучоците за Македонија изнесени во „ нон пејперот“ не се конечни,  и дека ставот на Франција ќе биде дефинитивно утврден во договор со нејзините европски партнери, откако предлозите за отпочнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на […]

Мицковски: Оваа ненародна влада на чело со Заев мора да замине час поскоро


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово. Тој пред присутните истакна дека оваа ненародна влада на чело со Заев мора да замине час поскоро. Мицкоски посочи дека капиталните инцестиции се на катастрофално ниско ниво. -Денес излегоа податоците за капиталните инвестиции. За 4 месеци владата […]

Македонија на 41 место на листата на најдобро рангирани пасоши


На најновата листа на најдобро рангирани пасоши на американската компанија „Хенли енд Партнерс“ Македонија се наоѓа на 41 место бидејќи Македонците можат да патуваат во 125 држави без виза. На прво место од листата на која се наоѓаат 100 држави е Јапонија, бидејќи нејзините граѓани можат да патуваат без виза во 189 од 218 држави, […]

Анкета: Граѓаните поделени околу работата на новата влада


Вкупно 49 отсто од граѓаните се задоволни од работата на Владата во изминатата година, наспроти 47 отсто кои се незадоволни, покажуваат резултатите од новата анкета на телевизијата „Телма“ и Македонскиот центар за меѓународна соработка, презентирани вечерва во емисијата „Топ тема на ваша страна“. На прашањето „Дали сте задоволни од работата на новата Влада во изминатата […]

СДСМ: Цената на горивата ги одредува Регулаторната комисија за енергетика


СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и лицемерна е конграѓаните кои 11 години ги крадеше, акцизата не влијае врз растот на цените. Не е точно дека постои инфлација, како што не е точно дека минималното зголемување на акцизата за нафтата влијае на покачување на цените во […]

Могерини: Договор за името ќе мора да биде земен предвид во ЕУ


Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, на прес конференцијата по советот на министри на ЕУ денеска, на прашање на МИА за отпорот на одредени земји-членки за старт на преговори со Македонија, одговори дека ќе биде многу тешко за нив да игнорираат толкава светска вест. – Бев брифирана од македонскиот и грчкиот министер […]

Кнајсл: Важен напредок е регистриран во преговорите за името


Австриската министерка за надворешни работи на ЕУ, Карин Кнајсл, порача дека е постигнат важен напредок во спорот за името, и посочи дека регионот на Западниот Балкан е од геополитички интерес за Европската Унија. – Повеќе пати имав прилика да се сретнам со министрите за надворешни работи на ПЈРМ и Грција. Важен напредок е регистриран, но […]

Главна расправа за „Титаник“ закажана за 31 мај


Главната расправа за предметот „Титаник“ на СЈО e закажана за 31 мај. Во предметот обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко.. Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска воведни говори дадоа останатите адвокати на одбраната […]

Исход од преговорите за името кон средината на оваа недела


Конечниот исход од оваа фаза од преговорите за името се очекува да биде познат кон средината на оваа недела, најавува за „Независен весник“ висок владин функционер. Тој го најавува како клучен момент за исходот од преговорите за името разговорот што претстои меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Од разговорите […]

Рот: Да не се спречува мирно решавање на спорот за името


Германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот, изрази поддршка за преговарачкиот процес помеѓу Скопје и Атина и повика на мирно решение, без пречки. Рот, кој учествува на денешниот совет за надворешни работи на ЕУ, изјави: -Повторно се сретнавме денеска со македонскиот министер Димитров. Благодарни сме за постојаните преговори помеѓу Грција и ПЈРМ. Подготвени сме […]

Nepotism, (un) culture and silence


Marija Pavleska May is a month of celebrations. Beginning on May 1 as International Labor Day, 9 May, which is celebrated as the Day of Victory over Fascism, and at the same time as the Day of Europe and for us one of the most important May 24th – Day of Slavic Enlighteners Sts. Cyril […]

Ѓорчев: Веднаш да се укине покачувањето на акцизата на дизелот


ВМРО-ДПМНЕ веднаш, неодложно бара од владата и од СДСМ да се укине акцизата со зголемување на цената на дизелот и неговите деривати која што ја наметна Владата на Република Македонија, изјави Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. „Цената која што ја плаќаат граѓаните, економијата, автобуските превозници, камионскиот транспорт, но консеквентно и сите останати кои што се погодени со […]

Грчки владини извори: Ништо не е завршено, трпение и смиреност до Самитот во јуни


Двајцата министри за надворешни работи Коѕијас и Димитров, направија важен напредок, но преговорите не завршија. Напротив, тие се наоѓаат во најкритичната пресвртница, изјавил за грчката агенција АНА-МПА владин претставник, добро упатен во преговорите за името, јави дописничката на МИА од Атина. – Некои се брзаат да кажат „оп“, пред Скопје да скокне, рекол грчкиот владин […]

Џолев: Да се провери дали се правосилни амнестиите што ги даде, па повлече Иванов


Треба да се проверат две работи за постапките со помилувањето што беа дадени од претседателот Ѓорге Иванов, а потоа повлечени. Неопходно е да се види дали се правосилни и дали имал право да ги амнестира, порача претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев на денешната средба со новинарите. Потребата, како што посочи, доаѓа по […]

Заварувачи, стаклари, бравари, пекари…нема ни за лек


Недостигот од стручни и квалификувани работници на пазарот на труд во земјава е сигнал кој прво го почувствуваа работодавачите, пред сѐ занаетчиите, ама и стопанството во земјава. На пазарот има потреба за сите занаетчиски занимања, како заварувач, бравар, инсталатер на соларни панели, пекар, слаткар… Од градежниот сектор, има дефицит од ѕидари, кровни покривачи, произведувачи на […]

Ракот на кожа во пораст, за успешно лекување неоходно рано да се открие


Бројот на нови случаи на рак на кожата е во пораст и во светски рамки, но и во Македонија. Раното откривање е пресудно во лекувањето, а во земјава најчето се открива кога е во поодмината фаза. Затоа секој што ќе се посомнева на некаква необична промена на кожата треба да направи превентивни прегледи. Во наредните […]