Престрелка во Чаир


Во близина на маркетот Принц во скопската населба Чаир вечерва се случила престрелка во која биле вклучени три лица.

Неофицијално, инцидентот се случил поради имотно правни односи.

МВР потврди дека имало пукање, помеѓу две лица од едната со друго лице од другата страна, но додаваат дека во инцидентот нема повредени.

Како што велат од МВР повеќе детали за овој инцидент ќе бидат објавени утре бидејќи се врши увид на местото на настанот.

 

фото: илустрација