Реконструкција и обнова на повеќе објекти на МВР


Министерството за внатрешни работи изминатата година, со цел подобрување на условите за работа на вработените, изврши реконструкција и обновување на ресурсите за работа во Управните служби во Куманово, Полициското одделение во Јегуновце, Полициската станица во Ѓорче Петров, Железничкот граничен премин во Гевгелија и Полициската станица од општа надележност во Струга.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека и годинава продолжуваат со реализација на зацртаните градежни активности за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството.
– По пат на отвoрена постапка со критериум за доделување на договор најниска цена склучен е договорот за јавна набавка „Услуги за тековно одржување на објекти на МВР, УБК, ЦПС, БЈБ и гранична полиција на цела територија на Република Македонија со изведба на градежни, градежно- занатски, занатски, инсталатерски и други работи“. По склучување на договорот веќе се започнати градежни активности во неколку секторите за внатрешни работи ширум земјава и тоа во: СВР Битола, СВР Велес, ПО Галате, ПО Зајас, ПС Кичево, ПС Драчево, Касарна Ѓорче Петров- ЕБР, МТВ управни служби, Ценарот за обука Идризово и СВР Скопје, информираат од МВР.