МОН тврди: Исплативме плата за наставниците


Платите за вработените во средното образование се веќе на нивните трансакциски сметки, додека за платите на вработените во основното образование, Министерството за образование и наука исто така ги спроведе сите потребни процедури, соопшти МОН откако денеска Независниот синдикат за образование и наука-НСОН реагираше за доцнење на јулската плата за просветните работници. – Како што е утврдено […]

ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев зел уште еден тендер


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека вицепремиерот Кочо Анѓушев преку неговите фирми добил уште еден државен тендер. „Вицепремиерот Кочо Анѓушев нема намера да прекине да зема од парите на граѓаните преку неговите фирми. Попусто постојат закони за судир на интереси, џабе граѓаните се бунат. Кочо ’четири очи’, нема институција, а да не може да ја опслужи. Најновите […]

Манчевски снима нов филм на Трескавец


Екипата за новиот игран филм на Милчо Манчевски насловен „Врба“ два дена снима сцени во Прилепско. Вчера беше во околината на манастирот Трескавец и тоа е првиот од двата дена претснимање сцени за филмот. Според продуцентот Јане Ќортошев, се снимаат летни сцени за филмот кој официјално ќе почне да се снима во октомври. Вели дека […]

Шекеринска: Одбрана дава милион евра за референдумот


Министерството за одбрана ќе стави на располагање нешто помалку од 60 милиони денари за кампањата за претстојниот референдум за договорот меѓу Македонија и Грција, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Отворениот ден на АРМ за граѓаните по повод Денот на Армијата на Република Македонија – 18 Август. – Министерството за одбрана е едно од […]

Трагедија кај Крушево: Двајцата параглајдеристи се судриле во воздух


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека несреќата се случила кај Мечкин Камен во Крушево вчера во 12.30 часот откако дошло до судир во воздух помеѓу двајцата параглајдеристи од Украина и од Велика Британија. „Ќе се изврши обдукција и вештачење за да се утврдат точните причини за смртта на двајцата параглајдеристи кои вчера починаа по […]

Притвор од 30 дена за напаѓачот што претепа скопјанец на кеј „13 Ноември“


Напаѓачот кој на 3 август на кеј „13 Ноември“ физички го нападна 66-годишниот скопјанец кој потоа почина од нанесените повреди, е фатен и одредена му е мерка притвор од 30 дена. Од МВР денеска информираа дека е поднесена кривична пријава против 43-годишниот А.Б. Тој на 3 август околу 2 часот по полноќ во алкохолизирана состојба […]

Кривични пријави за двајца малолетници што палеа палми пред клиниката „Жан Митрев“


Кривична пријава ќе биде поднесена против двајца 17-годишници од Скопје осомничени дека на 15 август околу 02:40 часот запалиле палма пред клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. Како што соопшти полицијата во дневниот билтен, тие се товарат за кривично дело „Предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик на Република Македонија. Покрај […]

Во кампот „против“ нема кој да земе пари за кампања


Додека од владата и вчера пристигнуваа пораки да се излезе на претстојниот референдум и да се поддржи договорот со Грција за името, опозицијата и натаму тактизира. Според најавите, четврточната седница на извршниот комитет помина во расправа за тековни теми врзани со економско-политичката состојба во земјата, додека најжешкото прашање е оставено за следните недели. Претседателот на […]

Пратениците се враќаат на работа


Пратениците од понеделник по летниот одмор започнуваат со своите вообичаени активности во Собранието. Во текот на следната недела се очекува да бидат соопштени и информации за тоа дали и како на пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот, но и тоа дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја […]

Се санираат последиците од невремето во Охрид


Општина Охрид информира дека по невремето кое попладево го зафати градот, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за да ги исчистат и санираат последиците. Воедно, од општината апелираат до сите граѓани да ги информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми […]

Патот Битола – Ресен затворен во два правци поради сообраќајка


Поради сообраќајна несреќа на превојот Ѓавато кај црквата „Св. Богородица“ сообраќајот на магистралниот пат Битола – Ресен е затворен за сообраќај во двата правци. Возилата се пренасочуваат по стариот пат од Битола за Ресен. Сообраќајната несреќа за МИА ја потврдија припадниците на сообраќајната полицијата кои се на местото на настанот. Според нив, нема жртви во […]

Почина и вториот параглајдерист кој беше повреден во Крушево


Почина и вториот параглајдерист кој денеска беше повреден и префрлен на лекување во болницата во Прилеп. Тој се здоби со тешки повреди по пад кај Мечкин камен, во Крушево, а вечерва им подлегна на повредите. Наталија Спирова началник на оделение за односи со јавјист при МВР, за МИА, потврди дека двајцата параглајдеристи се странски државјани, од […]

Почесна артилериска стрелба за Денот на АРМ


Почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија се изврши вечерва во 19 часот во касарната „Илинден“ од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ, по повод Денот на Армијата. Претходно, денеска во присуство на државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор и други видни личности, пред Министерството за одбрана […]

Сугарески: Нов анекс и пари за автопатот Кичево – Охрид


Со кинеската компанија Синохидро во моментов се водат финалните преговори за интензивно да продолжи изградбата на автопатот Кичево – Охрид, најави вечерва министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. – Очекувам до крајот на месецов да поднесеме до Владата и до Собранието нов анекс на договор со кој ќе се ослободат 230 милиони евра и […]

По сообраќајката нормализирано движењето на патот Штип – Кочани


Сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, од 18:45 часот е норманилиран. Одвивањето на сообраќајот на државните патишта е по претежно суви коловози. Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез […]

АВМУ го донесе Упатството за медиумско претставување за време на референдумот


Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медфиумски услуги на денешната седница, го донесе Упатството за медиумско претставување за време на референдумот, со кое се доделуваат дополнителни девет минути за платена јавна пропаганда во еден час. Според Упатството, радиодифузерите треба да создадат еднакви услови за пристап на заинтересираните страни во референдумот до облиците на платена […]

Еден параглајдерист загина, а друг е тешко повреден во несреќа кај Крушево


Еден параглајдерист починал, а друг се здобил со тешки телесни повреди откако двајцата паднале кај Мечкин Камен во Крушево, соопштуваат од МВР. Трагичниот настан се случил околу 12:40 часот кај Мечкин Камен. Тешкоповреднеиот параглајдерист е пренесен на лекување во Прилеп. Според Наталија Спирова, началник на секторот за односи со јавност во МВР, други детали за […]

Поради сообраќајка, во прекин сообраќајот на патот Штип-Кочани


Поради сообраќајна незгода помеѓу селата Чешиново и Облешево од 16:40 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, информира АМСМ. Сообраќајот се пренасочува по околните сообраќајници.

Преслушани 106 „бомби“ на денешното рочиште за „Титаник“


По слушање на 106 од над илјада предложени „бомби“ завшри денешното рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети повеќе поранешни функционери за изборите во 2013 година. Судењето продолжува во понеделник. На аудио снимките се слушаа разговори меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на Кабинетот на поранешниот премиер Мартин […]

(ФОТО/ВИДЕО) Попладнево невреме во Охрид, силен дожд и град ги поплави улиците


Силно невреме, проследено со пороен дожд и силен град, го погоди Охрид денеска околу 14 часот и 30 минути. Градот беше силен и од зрната мраз побелеа тротоарите, парковите и дворовите, објави порталот „Охрид 1“. Повеќе улици беа поплавени, што го отежна сообраќајот, а вода навлегла и во дворови и куќи. Невремето, кое траеше околу […]