Поради сообраќајка, во прекин сообраќајот на патот Штип-Кочани

Поради сообраќајна незгода помеѓу селата Чешиново и Облешево од 16:40 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, информира АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува по околните сообраќајници.