Исчезната жена од Радовиш пронајдена мртва


Жител на Радовиш вчера во Полициската станица во градот пријавил дека на местото викано „Ќучук Ерик“ забележал починато женско лице, информира МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица, а од страна на лекар од Јавната здравствена установа во Радовиш било констатирано дека на телото нема траги на насилство.

Лицата Т.М. и С.М. од Радовиш извршиле препознавање на починатото лице и потврдиле дека се работи за нивната мајка Т.М., која на 11 август во Полициската станица Радовиш била пријавена за исчезната.