Протоѓер во бомбите за „Титаник“: Шврговски е копиле, коцкар и пијаница


Во дел од „бомбите“ што денеска се слушаат во Кривичниот суд во Скопје беше пуштена и снимка на која разговараат поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер.
Порталот „Сведок“ објави дел од разговорите што се слушаа денеска во судот. Протоѓер изнервиран што јавниот обвинител Шврговски дал изјава дека по допрен глас ќе отворел постапка за аферата „Списоци“, која беше објавена од „А1 телевизија“, каде што е откриено дека секој административец треба да донесе по 15 члена што ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
– Абе овој Шврговски, ова копиле скапано. Да му е*ам мајката, по допрен глас ќе постапувал за сторијата на А1 – ѝ вика Протоѓер на Јанкулоска. Понатаму тој продолжува да дели навреди кон Шврговски и да кажува дека е коцкар и пијаница, дека не оди трезен на работа и да каже што сработил до сега, кое обвинение го покренал.
На ова, Јанкуловски предлага Сашо Мијалков да го стегне Шврговски, а разговорот продолжува со констатација дека имаат проблеми секаде каде што поставиле „професионалци на функции“. Во тој контекст Јанкуловска го спомнува директорот на Ветеринарна, а Мартин заклучува дека само се шетале по светот.