Собрание го верификуваше мандатот на пратеничката Снежана Калеска-Ванчева


Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од работата на 58. седница го верификуваше мандатот на пратеникот Снежана Калеска-Ванчева која доаѓа на местото на пратеникот Петар Атанасов. Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднесе оставка на функцијата, која денеска беше констатирана. Атанасов се очекува да биде избран за заменик-министер за образование и наука. Претседателот на Државната […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за учеството во кампањата


Иако во понеделникот беше најавено дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да достави известување до претседателот на македонското Собрание Талат Џафери за евентуално учество во јавната кампања за референдумот на државно ниво, што ќе се одржи на 30-ти септември 2018-та година, тоа засега го нема направено. Од собраниските служби информираа дека такво известување партијата нема […]

Јанева: Со „Тврдина-Таргет“ ќе докажеме дека 20.000 граѓани биле прислушувани


Специјалното јавно обвинителство има многу докази дека лицата кои се обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“ прислушувале и тоа ќе го докажеме пред суд, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која се надева дека конечно во петок ќе почне судскиот процес за овој предмет. – Тврдина – Таргет“ е предмет за тоа дека службени лица од УБК […]

Заев очекува 903.000 граѓани „за“ договорот со Грција


Огромен процент од граѓаните ќе се изјаснат „За“ на претстојниот референдум, и впрочем и дури и тие што се против, се со мали минорни бројки и тоа е дел од таа кампања што постои во Македонија, предводена од „Бојкотирам“, изјави премиерот Зоран Заев по формалното отворање на кампањата на ЕУ „Замисли иднина заедно!“. Премиерот е уверен […]

Даниелсон: Референдумот ќе ја оформи иднината на државата


На 30 септември граѓаните ќе направат избор што ќе ја оформи иднината на вашата земја и тој избор ќе има последици за идните генерации. Ве повикувам да го искористите вашето демократско право и да гласате на претстојниот референдум. Ова денеска го изјави директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија Кристијан Даниелсон […]

Ќе ги надгласаат ли Албанците бојкотирачите?


Не повеќе од 250 илјади етнички Албанци се очекува да излезат на престојниот референдум и да ја заокружат опцијата „да“ во однос на договорот со Грција и членството на земјава во НАТО и во ЕУ. Иако албанското гласачко тело, генерално, го поддржува договорот за името и нема идентитетски дилеми со какви што се соочуваат дел […]

Акција за заловување на кучиња скитници околу училиштата


Стручните екипи за заловување на кучиња скитници, почнаа акција за заловување околу кумановските основни и средни училишта, информираа денеска од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово. Оваа акција како и претходните се спроведува согласно годишниот план за заловување. – Од почетокот на спроведувањето на тендерот, кој на годишно ниво изнесува 800.000 денари без данок […]

Анкета на ИРИ: Расте поддршката за договорот за името


Мнозинството македонски граѓани сакаат да се реши спорот за името со Грција и Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО, покажува анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во пресрет на референдумот на 30 септември. Вкупно 57 проценти од анкетираните поддржуваат Македонија да се зачлени во ЕУ и НАТО под ново име „Република Северна […]

Почна судењето на Јанкулоска за „Тенк“


Во Кривичниот суд во Скопје почна одново судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е една од обвинетите во предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес. Во судницата е присутна обвинетата Јанкулоска, а претседателка на судечкиот совет е Добрила Кацарска. На Јанкулоска ѝ се суди во раздвоена постапка бидејќи имаше ризична бременост […]

Се проширува тимот на 1ТВ, Јадранка Костова се враќа на телевизијата


Се проширува тимот на 1ТВ. Во најновиот проект, кој ќе почне од понеделник, во отвореното студио од 14 до 23 часот, уредници на денот во текот на неделата ќе бидат искусни новинари, меѓу кои и актуелната директорка на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова. Таа вели дека во 1ТВ ќе има дополнителен ангажман, еднаш неделно, ќе има […]

ДИК ќе одлучува за барањата за набљудување на референдумот


Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која, меѓу другото, треба да ги разгледа и одобри барањата за добивање на овластувања за набљудување на претстојниот рефрендум поднесени од Комитет за отворена демократија (Committee for open democracy), Фондација за спасување на Земјата (The Earth Saviours Foundation) и Набљудувачка мисија за Референдумот на ОБСЕ/ОДИХР (OSCE/ODIHR Referendum Observation Mission). Членовите на […]

Експерти од Северна Ирска помагаат за Северна Македонија


Познатата фирма за стратегиски комуникации од Северна Ирска, „Стратагем интернешнл“, ќе ѝ помага на Владата во спроведување на кампањата од јавен интерес за референдумот да биде успешен. Двете страни, како што потврдуваат од Владата, деновиве потпишале меморандум за соработка за консултантски услуги кои ќе овозможат успешна јавна комуникација со граѓаните базирана, како што велат, на […]

Кампањата за референдумот нема да чини повеќе од 400.000 евра


Кампањата за референдумот ќе чини најмногу 400.000 евра, а резултатите од него ќе бидат гаранција дека подоцна во парламентот ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство за да се ратификува договорот со Грција, порача премиерот Зоран Заев. Тој повтори дека парите од буџетот наменети за кампања нема да им бидат дадени на рака на пратениците, туку […]

ОБСЕ со прв извештај за активностите и предметите на СЈО


Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе го презентира првиот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. На презентацијата најавено е присуство на в.д. шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстин и на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Најавено е обраќање и на поранешната судијка во Европскиот суд […]

Словенечката министерка за одбрана во посета на Македонија


Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува министерката за одбрана на Словенија, Андреја Катич. Таа ќе има средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска по што ќе следува средба на двете делегации и ќе биде потпишан меморандум за разбирање. Според агендата, предвидени се и изјави на двете министерки. Официјалниот пречек на министерката Катич и […]

Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“- духовно светилиште и рај на природата


Ако патот ве носи кон Крива Паланка, во кој било ден или доба од годината, неодминлива дестинација за уживање во благодатите на раскошната природа, во пазувите на столетната дабова шума на Осоговската Планина е вековното духовно светилиште, манастирскиот комплекс свети Јоаким Осоговски. Лоциран е на околу два километри од центарот на Крива Паланка, а до […]

Димитров ќе реферира пред Комитетот за надворешни работи на ЕП


Белгија-Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој престојува во дводневна посета на Брисел, денеска ќе се обрати пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот Парламент. Тој ќе информира за актуелните подготовки за одржување на референдумот, текот на имплементација на клучните реформи во земјата од страна на Владата на Република Македонија и подготовките за скрининг процесот со […]

Продолжуваат судењата за „Тенк“ и за „ТНТ“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште од раздвоената судска постапка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка бидејќи имаше ризична бременост и беше на породилно боледување. За случајот „Тенк“ поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски беше осуден […]

Сончево и топло, во петок повторно дожд


Сончево време со мала облачност  ќе преовладува денеска во Македонија, а попладне  во крајните западни делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 9 до 20 степени, а максималната од 28 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена […]

Димитров: Одлучно на патот кон НАТО зацртан пред 25 години


Актуелната соработка со НАТО и подготовките што ги презема Македонија во рамки на пристапниот процес за членство во Алијансата беа тема на разговор меѓу шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и заменик генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер. На средбата во Брисел, министерот Димитров се осврнал на моменталната состојба во државата, текот на подготовките за […]