ДИК ќе одлучува за барањата за набљудување на референдумот


Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која, меѓу другото, треба да ги разгледа и одобри барањата за добивање на овластувања за набљудување на претстојниот рефрендум поднесени од Комитет за отворена демократија (Committee for open democracy), Фондација за спасување на Земјата (The Earth Saviours Foundation) и Набљудувачка мисија за Референдумот на ОБСЕ/ОДИХР (OSCE/ODIHR Referendum Observation Mission).
Членовите на Комисијата ќе ги утврдат и објават описите на избирачките места, а ќе ја разгледаат и Конечната информацијата за текот на пријавувањето на граѓаните за гласање во ДКП на РМ во странство.
На дневен ред на сединцата е и Предлог Заклучокот за усвојување на извештајот во врска со поднесените пријави со кои граѓаните се пријавуваа за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство, Предлог Заклучокот за примена на Правилникот, бр. 07-210/4 од 19.02.2014 година, за начинот на постапување на полицијата за време на сдпроведување на изборите, за Референдумот 2018, како и барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии.
Комисијата ќе го разгледува и Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно членот 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, по известувањето од Претседателот на Собранието на Република Македонија за престанок на мандатот на пратеникот Петар Атанасов.