До 11 часот во Македонија гласале 8 отсто, гласањето без проблеми


До 11 часот на 3.480 гласачки места на територијата на Република Македонија гласањето тече мирно и без неправилности. – Од обработените 92,06 отсто од податоците од избирачките места до 11 часот на гласање излегле вкупно 8,03 проценти од запишаните гласачи на тие избирачки места. До ДИК до овој момент, доставени се седум приговори за заштита […]

(ВИДЕО) МВР досега регистрира четири инциденти, сите сторители се приведени


Од отворањето на гласачките места, до сега регистрирани се четири инциденти, а сторителите се веднаш приведени во полициска станица, информираше портпаролот Тони Ангеловски на денешната прес-конференција. -На гласачкото место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, К.Ж. (22) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што навредувал граѓани и физички нападнал полициски службеници. К.Ж. е […]

Двесте набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР го следат референдумскиот процес


Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР денеска има околу 100 тимови по двајца набљудувачи распоредени на гласачки места низ државата кои ќе информираат за гласањето на референдумот. Шефот на Мисијата Јан Петерсен рече дека набљудувачите се на гласачките места пред почетокот на гласањето и ќе бидат таму во текот на денот. – Ние само набљудуваме, не се […]

Светски новински агенции за референдумот во Македонија


Американската новинска агенција Асошиејтед прес пренесе од Скопје дека во Македонија се одржува пресуден референдум на кој граѓаните одлучуваат дали да одобрат географска одредница за името на државата со што се менува името во „Северна Македонија“ и се прекинува долгогодишниот спор со Грција. Агенцијата обајви изјава на премиерот на Македонија, Зоран Заев кој од Струмица […]

ДИК: Излезеноста до 11 часот изнесува 8,03 отсто


Своето гласачко право на референдумот, до 11 часот го искористиле 8,03 отсто од гласачите, по обработка на 92,06 отсто од добиените податоци, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на втората денешна прес-конференција. Досега се доставени седум приговори до ДИК, од кои три се одбиени, додека четири се во обработка. Во функција е телефонската линија за пријавување […]

Скопјанец нападнат со тупаници во кафе-бар поради став за референдумот


Вчера во полициската станица Центар било пријавено дека во 00.15 часот, во кафе-бар во Скопје, додека И.Е. бил со негов пријател му се приближил Ј.Л.(33) од Скопје, со кој се познаваат од претходно, и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот […]

ДИК: Гласањето мирно и без неправилности, излезеноста до 9 часот 2,45 отсто


На 3.480 гласачки места во 80 општини на територијата на Република Македонија право на глас имаат 1.806.366 гласачи. На сите гласачки места веќе два и пол часа гласањето тече мирно и без неправилности. До 9 часот од обработените податоци во ДИК, а пристигнати се податоци од 71,53 проценти од избирачките места, процентот на избирачи кои […]

МОСТ: Гласањето се одвива во мирна атмосфера без инциденти


Граѓанската асоцијација МОСТ денеска соопшти дека досега гласањето се одвива во мирна атмосфера без инциденти. МОСТ наведува дека според податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 10 часот е 5,2 отсто со маргина на грешка од +/- 0,2 отсто. Според потврдените информации, добиени […]

Спасовски: Никој нема право да го попречува гласањето


Референдумското изјаснување почна мирно, секако доколку се случи да имаме нарушување на гласачкиот процес, дали е тоа надвор од избирачките места или во самото избирачко место ќе интервенираме, заради тоа што никој нема право да го загрозува изборниот процес, никој нема право да врши притисок врз ниту еден граѓанин на Република Македонија, кој што сака […]

Полицијата регистрира испишани графити, поставен транспарент и вербален напад за референдумот


Во текот на ноќта и утрово во полицијата е пријавено дека на неколку места се испишани графити во врска со референдумот. Според полицијата има еден случај на поставен транспарент, а скопјанец пријавил дека бил вербално нападнат во врска со гласањето на референдумот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово, околу 06.10 часот пријавено е дека […]

МОСТ: Отворањето на гласачките места без регистрирани проблеми


Отворени се сите гласачки места на кои Граѓанската асоцијација МОСТ има распоредено свои набљудувачи и тие немаат проблеми при набљудување на процесот. Отворањето на гласачките места помина без регистрирани проблеми. Гласачкиот материјал е доставен на сите гласачки места, а уредувањето на гласачките места е на начин што ја запазува тајноста на гласањето. Ова на денешната […]

Уапсено момче што навредувало гласачи и нападнало полицајци во Ново Лисиче


Од МВР информираа за инцидентот што се случи на гласачко место во Ново Лисиче. Како што велат од полицијата, 22-годишно момче било приведено затоа што ги навредувало граѓаните што излегле да гласаат, а потоа и ги нападнало полицајците што дошле да интервенираат. – На гласачко место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, машко лице го […]

Избирачките места отворени, гласањето се одвива без прекин


Избирачките места за референдумот се отворени утрово во седум часот и секаде гласањето тече без прекин, информираат од Државната изборна комисија. Се гласа на 3.478 избирачки места, кои ќе бидат отворени до 19 часот. Во Македонија денеска се одржува референдум на државно ниво на којшто гласачите се изјаснуваат на прашањето „Дали сте за членство во […]

ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно


Државната изборна комисија (ДИК) апелира до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури. Акредитираните набљудувачи при вршењето на набљудувањето, како што потенцираа од ДИК, се должни да се придржуваат на правилата и процедурите од Кодексот за набљудување […]

Променливо облачно, попладне услови за локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во јужните и источните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 4. Утринската температура ќе се движи во интервалот од три степени во Маврово до 14 во Гевгелија, а дневната од 13 до 22 […]

Филипче за „Независен“: Ни недостигаат 600 лекари


Министерството за здравство работи на измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита и на измени на Законот за прекин на бременоста, кој во оваа форма го ограничува правото на избор на жените. Во земјава недостигаат дури 600 доктори во здравствените установи, а најмногу педијатри и анестезиолози. Има институции со кои, ако во следниот период […]

ДИК: До 9 часот излезноста 2,45% проценти


Според податоците на Државната изборна комисија, до 9 часот своето гласачко право на референдумот го искористиле 2,45% од гласачите. Податокот е добиен по обработка на 71% на добиени податоци. ДИК објави дека до нив досега пристигнале три преговори за повреда на избирачко право, но сите биле одбиени. Следната прес-конференција на ДИК е закажана за 11.30 часот.

Во Крива Паланка гласале четворица затвореници и 85 изнемоштени и болни


Во Крива Паланка своето избирачко право за референдумот го оставриле вкупно 85 изнемоштени и болни лица од општината, како и четворица затворенци. „Од вкупно пријавените 98 болни и изнемоштени лица од општината денеска гласаа 85 лица, а пак од петмината кои издржуваат казна затвор во Казнено-поправниот дом во Крива Паланка, на избирачкото место 0942 во […]

ДИК: До 17 часот излезноста на иселениците 36,56 отсто, а во КПУ 64,69 проценти


Вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто до 17 часот излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не се влезени оние од САД, од Канада и од Лондон (вкупно пет гласачки места), каде гласањето трае до 19 часот по локално време, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК). Гласачките места, пак, во казнено-поправните установи (КПУ) […]

Во Ранковце гласале 31 болно и изнемоштено лице од пријавените 34


Во општина Ранковце заврши гласањето на болни и изнемоштени лица, а од вкупно пријавените 34, гласале 31 лице. Како што информира претседателот на Општинската изборна комисија, Даниел Крстевски, материјалите се доставени до ОИК. „Изборниот материјал во Општината е примен навреме, избирачките материјали и кутии се доставени до избирачките одбори на сите 13 избирачки места и […]