ДИК: До 17 часот излезноста на иселениците 36,56 отсто, а во КПУ 64,69 проценти


Вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто до 17 часот излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не се влезени оние од САД, од Канада и од Лондон (вкупно пет гласачки места), каде гласањето трае до 19 часот по локално време, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК). Гласачките места, пак, во казнено-поправните установи (КПУ) […]

Во Ранковце гласале 31 болно и изнемоштено лице од пријавените 34


Во општина Ранковце заврши гласањето на болни и изнемоштени лица, а од вкупно пријавените 34, гласале 31 лице. Како што информира претседателот на Општинската изборна комисија, Даниел Крстевски, материјалите се доставени до ОИК. „Изборниот материјал во Општината е примен навреме, избирачките материјали и кутии се доставени до избирачките одбори на сите 13 избирачки места и […]

Во општина Дебар гласаа 22 болни и изнемоштени лица


Во општина Дебар денеска своето право на глас го остварија 22 болни и изнемоштени лица. Според Елмира Бакалим, претседателка на општинската изборна комизија, за гласање се пријавија 27 лица, одобрено е гласање на 23, а гласале 22 болни изнемоштени лица. „Избирачкиот материјал го распределивме и се е подготвено утре во 7 часот да бидат отворени […]

Од Шведска за Македонија со срце: Донација вредна 300.000 евра за делчевската болница


На граничниот премин „Делчево“ денеска пристигна донација од Шведска вредна 300.000 евра што е наменета за здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево. Активноста е иницијатива на хуманитарната организација „Хенд тил хенд“ од Стокхолм. „Со оваа донација техничкиот капацитет на Здравствениот дом во Делчево во голема мера ќе се зголеми. Од друга страна сите инструменти кои […]

ЦИВИЛ: Физички нападнат екс амбасадорот Игор Есмеров


Игор Есмеров, до неодамна амбасадор на Македонија во Будимпешта, инаку близок до ВМРО-ДПМНЕ, физички бил нападнат синоќа во еден од угостителските објекти во центарот на Скопје. Нападот го извршило едно лице што прво го нападналo екс-амбасадорот вербално, со зборовите „предавник“, „го продадовте името“ и слично, го пцуел и навредувал, за потоа да му зададе и […]

Изгаснат пожарот во Националниот парк „Галичица“, гори викендичка во Љубаништа


Помал шумски пожар денеска избувна во Националниот парк „Галичица“ во непосредна близина на Охрид на потегот меѓу селата Рамне и Велестово. Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пламенот зафатил нискостеблести растенија, а поради ветерот постоеле услови за негово ширење. Интервенирано е со три противпожарни возила, а на помош биле ангажирани и вработени во […]

ЦИВИЛ: Атакот врз гласачите во Мелбурн грубо кршење на изборниот молк


Атакот врз гласачите во Мелбурн, постиран и споделуван на социјалните мрежи претставува шокантно, претставува грдо и грубо кршење на изборниот молк и притисок врз гласачите, оценува ЦИВИЛ. За време на изборниот молк, како што соопшти, овој антидемократски акт се злоупотребува на социјалните мрежи и во Македонија. „Најостро го осудуваме кршењето на изборниот молк и бараме […]

Во Гостивар обезбедени услови за референдумско изјаснување, денеска гласаа 13 лица


Во поширокиот гостиварски регион започна референдумското изјаснување со гласањето на 13 болни и изнемоштени лица кои претходно беа пријавени во ОИК Гостивар. Во општините Врапчиште и Маврово-Ростуше немаше пријавни за денешното гласање. На подрачјето на општина Гостивар, на утрешниот Референдум ќе се гласа на 121 избирачко место, а право на глас имаат вкупно 79.160 граѓани, […]

Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот


Гласањето на македонските граѓани во Белград, Србија, се одвива непречено и без никакви проблеми. До 12 часот излезеноста е една третина од вкупниот број запишани граѓани во посебниот извод на избирачкиот список во Амбасадата на Република Македонија. Во посебниот извод на избирачкиот список има вкупно 24 македонски државјани кои го остваруваат своето граѓанско право на гласачкото место 5025 […]

ЈО: Секое сликање или снимање гласачи е законски недозволиво


Објавувањето на фотографии со гласачи е противправно дејство што го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање. Секое сликање или снимање на гласачи при остварување на нивното право, како и какво било попречување на гласањето и процесот на спроведување на референдумот не се дозволиви согласно на закон, соопштија од Комисијата за […]

МОСТ: Инцидентите пред едно од гласачките места во странство го нарушуваат правото на глас


Инцидентите забележани пред едно од гласачките места во странство ја нарушуваат слободата на граѓаните да го искористат своето право на глас, оцени денеска Граѓанската асоцијација МОСТ. МОСТ го набљудува денешното гласање на болните и немоќни лица, на внатрешно раселените и лицата во затвор или притвор. „Избирачкото право е гарантирано со Уставот на РМ и никој […]

Спасовски: Ако некој ве снима пријавете на 192


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фесјбук профил објави дека секој кој ќе биде сниман или на некој начин му се попречува гласање на референдумот да пријави на 192. „Доколку забележите дека некој ве снима, го извикува на глас вашето име и презиме, или на било кој начин го попречува вашето право да […]

Пожарот близу Арачиново изгаснат, штетата незначителна


Пожарот близу Арачиново што избувна синоќа околу 21 часот на местото викано „Шамак“, бил изгаснат после час откако интеревенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Како што изјави за МИА в.д. командирот на ТППЗ на Скопје, Звонко Томевски, станува збор за опожарена поголема површина сува трева, трска и пченка. Поради конфигурацијана на теренот и близината […]

Се снимаат и објавуваат иселениците кои гласаат на референдумот во Австралија


На социјaлната мрежа Фејсбук се појави страница со наслов „Предавници“ и на неа се споделуваат видеа и фотографии од македонските иселеници кои излегуваат на гласање на референдумот за решавањето на името. По силните реакции на граѓаните дека им се вршат притисоци и закани, бидејќи сакаат да го дадат својот придонес и ставот да го изразат […]

ДИК: Гласањето досега без проблеми, одбиени два приговора


Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето ќе трае до 19 часот. Отворени се и гласачките места во дипломатско-конзуларните претставништва во странство и до овој момент гласањето тече без проблеми, информираше на пладневната прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска. – Во своите домови гласачкото право ќе […]

Скопје утре ќе биде дел од светското движење „The Distinguished Gentlemans Ride“


Скопје утре трета година по ред ќе биде дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride“ чија цел е да се подигне свеста кај мажите за сопственото здравје и да се соберат финансиски средства за борба против ракот на простатата. Скопјани ќе имаат можност да видат 126 урбани моторџии облечени во елегантна облека и уникатни […]

Гласаат болните и инвалидизирани лица и осудениците во Затвор-Штип


Во Штип денеска гласаат вкупно 29 болни и инвалидизирани лица. Според заменик-претседателот на избирачкото место во Затвор-Штип, Влатко Конев, до 11 часот 42 отсто од осудентите лица го искористиле своето право на глас на референдумот. – Гласачкото место е отворено во 7 часот, гласањето се одвива според препораките на ДИК и немаме никакви проблеми. Со […]

Гласаа една третина од пријавените гласачи во Атина


До 10 часот по локално време, во Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина, една третина од пријавените гласачи веќе го остварија правото на глас на референдумот, јави дописничката на МИА од Атина. Гласачкото место број 5014 беше отворено во 7 часот утрово, по локално време, а вкупно 15 македонски државјани со регулиран престој […]

На хуманитарен пикник на „Алкалоид“ донирани над милион денари за Здружението „Живот со предизвици“


Над милион и 50 илјади денари во Фондацијата „Трајче Мукаетов“ донираа вработените во „Алкалоид“ АД Скопје, членовите на нивните семејства и нивните пријатели, за што добија специјално дизајнирана маичка. Средствата ќе бидат донирани за Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. Ова денеска го истакна генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов […]

(ВИДЕО) Гори Националниот парк „Галичица“


Рано утрово избувна пожар во Националниот парк „Галичица“, над охридската населба „Бараки“, јавува Охридпрес. – Станува збор за запалени шумски растенија и дрвја. Причините за избувнувањето на пожарот до овој момент не се познати, информираат од охридската противпожарна единица, од каде додаваат дека интервенирале со едно возило. На лице место се и екипи од Националниот […]