И Алберт Муслиу бил во игра за претседателски кандидат на СДСМ


Премиерот Зоран Заев во вчерашната емисија Клик Плус на ТВ21 ги откри имињата на албански кандидати кои биле во игра за претседателските избори.

„Јас знам дека можев да трчам и со Радмила Шеќеринска, можев со Оливер Спасовски и со Никола Димитров и со многу други луѓе, имаше така независни кандидати, одлични кандидати. Имаше и неколку албански кандидати, еве ќе ги кажам оние кои сум ги проверувал јас, Имер Семани, Алберт Муслиу, Теута Арифи, значи имало, затоа сум молел Имер другар ако веруваш во тоа дојди поддржи го Стево, и човекот дојде го поддржа, рече премиерот Заев во вчерашното гостување во Клик Плус.

На вчерашната дебата беше присутен и споменатиот Алберт Муслиу кој беше изненаден од тоа што се нашол во комбинација да биде предложен за кандидат за претседател на Македонија.

Заев изјави дека изборот на Пендаровски како конечен ја добил поддршката од ДУИ и другите албански партии во владината коалиција и тоа било пресудно.