(Видео) Вељаноски на распит за „27 април“


Пратеникот Трајко Вељаноски во моментот се наоѓа на распит кај обвинителката Вилма Русковска, во Обвинителството за организиран криминал и корупција, како осомничен за случајот „27 април“.

Обвинителството пред два месеци отвори истрага за организаторите и нарачателите на насилниот упад во Собранието што се случи на 27 април 2017 година. Во истрагата освен Вељаноски, осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот  министер Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски како и Никола Бошковски, вработен во УБК, а во моментот во бегство во Грција.

За Вељановски беше побаран и притвор, но Собранието не му го одзеде имунитетот.