Во Скопје утре две делници затворени за сообраќај

Поради најавено снимање утре сообраќајот на улицата „1732“, на потегот од кај ресторанот „Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ, ќе биде затворен во период од 6 до 19 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.

Како што информира денеска МВР, се работи за однапред најавено снимање во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“ Дооел од Скопје.
Во периодот од 11 до 13 часот утре поради одржувањето на манифестацијата „Ролеријада 2019“ во Скопје, од булеварот „Илинден“ (пред фонтаната во Градскиот парк) до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ (кај седиштето на ЈП „Паркови и зеленило“), оваа делница ќе биде затворена за сообраќај. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвиваат настаните.