Скопје и Атина ја зајакнуваат соработката во форензиката и судската медицина


Презентација на проект финансиран од Европската унија меѓу Лабораторијата за форензика и токсикологија од Атина и Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија од Скопје ќе се одржи денеска на Деканатот на Медицинскиот факултет. Станува збор за проект преку кој се врши стандардизација и хармонизација според ИСО17025 стандардот на лабораториите на Институтот за судска […]

Генерал-мајор Ерменц, началник на ГШ на Словенија во посета на Армијата


Делегација на војската на Република Словенија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Аленка Ерменц, е во официјална посета на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија. За време на посетата денеска во Генералштабот, генерал-мајор Ерменц ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, а ќе биде примена и од министерката за одбрана, […]

Пендаровски: Да излеземе сите и да покажеме дека сакаме заедно да одиме напред


Нема друг да ни ја заврши работата, мора масовно да излеземе сите и да покажеме дека огромна бројка граѓани сакаат сите заедно да одиме напред, а не да се враќаме во лошото минато, порача вечерва во Гостивар заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Нагласи дека, додека претходната власт ги наполни куферите […]

Силјановска: Ќе одржиме пролетна лекција по демократија


Пролетна лекција по демократија за власта на претседателските избори на 21 април и на 5 мај, најави кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Силјановска Давкова вечерва на митинг во општина Гази Баба. -Претседателка не се станува без граѓаните и на таа функција ќе бидам за нивните потреби. Нема поубаво време од пролетта за реформи, […]

Филипче: Вакцинацијата единствен начин што поскоро да се стави крај на епидемијата


Ќе го употребам речникот на епидемиолозите, вирусот мора да изгори, а вакцинацијата е единствениот начин да се стави крај што поскоро на оваа епидемија, изјави министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на здравствениот дом во Крива Паланка одговарајќи на новинарско прашање како ќе се решава новонастанатата состојба со епидемијата на морбили на територијата […]

Меркел и Макрон нудат решение за Косово со двоен суверенитет


Германија и Франција на средбата на државните раководства на Косово и Србија на 29 април во Берлин ќе настапат со план за договор меѓу двете земји, со кој во извесна мерка ќе се удоволи на барањата на Белград, но кој не предвидува поделба на Косово, објави вечерва приштинскиот портал „Газета Експрес“. Неименувани извори на порталот, […]

Пендаровски: Заедно напред за сигурна идина во НАТО и ЕУ, за инвестиции и повеќе пари кај граѓаните


Заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, денеска на трибина во Кичево, рече дека градот е пример за заедништво и сплотеност во различностите и ги повика граѓаните од сите етнички заедници да го искористат својот глас и да изберат напредок за сигурна идина во НАТО и ЕУ. Пендаровски посочи дека тука многу […]

Силјановска-Давкова: Без демократија нема ниту ЕУ, ниту НАТО


Канидатот за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова вечерва на митинг во општина Аеродром побара поддршка за претседателската функција, истакнувајќи ја важноста на демократијата во општеството без која, како што рече, нема ниту Европска унија, ниту НАТО. – Собранието треба да биде најспрестижната школа за демократија во која низ дијалог со аргументи […]

Ученици од Битола се самоповредувале поради „игри“ на Интернет, испратено барање за постапување


Секторот за внатрешни работи – Битола информира дека денеска од страна на директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола е доставено официјално барање за постапување затоа што, како што е пријавено, кај неколку ученици била забележана појава на самоповредување. Во соопштение до јавноста, СВР-Битола нагласуваат дека се постапува со најголема сериозност по барањето со цел […]

Сугарески најави обновување на патот до Попова Шапка


По извршување на подготвителните работи во наредниот период ќе започне реконструкцијата на патот од Тетово кон Попова Шапка, а проценките се дека обновата ќе биде завршена до оваа есен, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Тетово. -Од она што сум информиран подготвителните работи комплетно беа […]

Петти мај прогласен за Ден на македонскиот јазик


Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 130-та седница донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. – Одлуката овој  датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 […]

Во Скопје утре две делници затворени за сообраќај


Поради најавено снимање утре сообраќајот на улицата „1732“, на потегот од кај ресторанот „Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ, ќе биде затворен во период од 6 до 19 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници. Како што информира денеска МВР, се работи за однапред најавено снимање во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“ […]

Пендаровски: Да продолжиме заедно напред, за младите да имаат исти услови како и нивните врсници во Европа


Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, денеска беше помеѓу граѓаните на општина Врапчиште и Центар Жупа. Обраќајќи се до жителите на општина Врапчиште, Пендаровски истакна дека концептот што тој го застапува е концепт што води кон развој, кон ЕУ и НАТО и затоа на изборите потребна е масовна поддршка за да продолжат позитивните промени. – […]

Во Дебар ќе се гласа на 27, во Центар Жупа на 16 избирачки места


Во Општина Дебар, каде освен претседателски ќе се спроведат и предвремени избори за градоначалник, на 21 април ќе се гласа на 27 избирачки места. -Во Општина Дебар, 22 избирачки места се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. За 270 членови на избирачките одбори, од кои […]

Судбината на „Талир“ ќе се знае по изборите


Поради отсуство на Игор Јанушев и Наум Стоилковски, кои се овлестени претставници на ВМРО-ДПМНЕ, судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство беше одложено за 16 мај 2019 година. Пред почетокот на рочиштето, бранителот на еден од обвинетите, Дончо Наков, го извести претседателот на судечкиот совет Осман Шабани дека поради обврски околу кампањата за претседателските […]

Општина Ѓорче Петров демантира дека во паркот ќе се гради станбена зграда


Во паркот кој преставува единствено зеленило во урбаниот дел на Ѓорче Петров ќе се гради станбена зграда, обвинија советниците од општината од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а градоначалникот Александар Наумовски, денеска го демантираше тоа. Според изјавите на советниците од ВМРО ДПМНЕ, ова го предвидуваат измените на Деталниот урбанистички план кои поминаа на седница на советот. […]

Димитров ја прелета кампањата на Пендаровски: Честита на „Фејсбук“, во живо го нема


Заврши министерскиот состанок во рамки на „Берлинскиот процес“ во Варшава, следна станица – дома, напиша во петокот министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Од стартот на кампањата за претседателски избори, шефот на дипломатијата, кој до последен момент беше во тесна трка со Стево Пендаровски околу кандидатурата, наметна агенда на сите страни во светот, поради што […]

На судењето за „Трезор“ исклучена јавноста, сведочи вработена во УБК


Со сведочење на Александра Николовска вработена како инженер во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Трезор“  на Специјалното јавно обвинителство  во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник […]

Трае субвенционирањето за набавка на печки на пелети


Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека може да ги искористат субвенциите за набавка на печки на пелети и да надоместат дел од трошоците направени при набавка на печката. На јавниот повик што Градот Скопје го објави на 31.01.2019 година, а ќе трае до 30 ноември 2019 година, досега се пријавиле 273 граѓани. Со овој јавен […]

Галетановски подготвен да ѝ се извини на Силјановска


„Подготвен сум да ѝ се извинам на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова“, вели во изјава за „Независен весник“, Ѓорѓи Галетановски – првиот човек на Централниот изборен штаб на кандидатот на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, во Скопје. Во екот на епизодната битка за тоа кој води пофер и поцивилизирана кампања, бура во таборот на […]