Ерол Муслиу нов директор на Агенцијата за разузнавање

Со одлука на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски, Ерол Муслиу е именуван за нов директор на Агенцијата за разузнавање.

Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање.

Претседателот Пендаровски во наредните денови ќе назначи и свои членови во националниот Совет за безбедност.

Советот за безбедност го сочинуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, министрите кои раководат со органите на државната управа од областа на безбедноста, одбраната и надворешните работи, како и тројца членови назначени од шефот на државата.