Дураки: Кој ќе биде дел од „метлата“ од функционерите на ДУИ, одлучува лидерот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки смета дека ако биде дел од промената на функции во Владата, тоа ќе биде направено се цел да се подобри функционирањето на институциите.

„Кој ќе остане во Владата и кој ќе биде дел од „метлата“ по однос на функционерите на Демократската унија за интеграција одлучува лидерот на ДУИ и ако бидам дел од промената секако секоја промена ќе биде во насока на подобрување на насоките и функционирањето на министерството“, вели Дураки.

На новинарско прашање зошто сите функционери од ДУИ велат дека лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети, ќе одлучи за нивна смена, а не премиерот Зоран Заев, Дуркаи појаснува дека такви одлуки се носат како дел од коалициони договори.

„Треба да се сфати дека Владата на оваа држава се состои од коалициона Влада, меѓу партиите кои се во коалиција. Секоја одлука која се носи, мора да биде дел од одлуката која ќе ја донесе коалицијата. Сите одлуки што се донесуваат, треба да сме свесни, дека се носат во Парламентот, и секоја програма којашто мора да биде дел од Владата е дел од коалицијата“, изјави Дураки, по одбележувањето 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност.(Б.Б.)