Невакцинираните деца нема да се примаат во градинките


Забрана во градинките за деца кои ја немаат вакцина МРП, намалување на возраста за вакцинација од 12 на шест месеци, како и уредно вакцинирани негувателки и воспитувачки во градинките, вакцинирани наставници во училиштата и здравствените работници, вакцинирани со две дози вакцини, се мерките што важат од вчера, по прогласувањето епидемија на морбили во целата држава. […]

(ВИДЕО) Револтиран гостиварец со пиштол ќе одел во ДИК, оти бришеле живи луѓе


При вчерашната трибина на Стево Пендаровски во Гостивар, револтиран граѓанин се закани дека со пиштол ќе се појави во Државната изборна комисија. Тој рече дека бил револтиран бидејќи ДИК бришеле живи луѓе од Избирачкиот список. – Како може ДИК да избрише живи луѓе? Триесет години гласам, ме избришале мене, не можам поддршка да ви дадам. […]

Од јуни попусти за младите со „Младинска картичка“


Очекуваме во јуни да почне имплементацијата на проектот „Младинска картичка“. До крајот на овој месец ќе објавиме повик за да аплицираат младите. Го имаме направено дизајнот на картичката и очекувам најмалку триесетина илјади млади да аплицираат за да можат да ја добијат и да имаат соодветен попуст. Картичката е наменета за сите млади на возраст […]

Мицкоски: Ако бидам премиер ќе ја викам Македонија – нека ми го земат мандатот


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното гостување на ТВ 21 рече дека ако во иднина биде премиер, ќе го употребува името Македонија, и по цена да му го одземат мандатот. -Ова е за мене Македонија и Македонија ќе остане. За да се случи промена на Уставот, ние чесно пред граѓаните ќе излеземе со […]

ДИК треба да го предаде изборниот материјал до општинските изборни комисии


Државната изборна комисија најдоцна денеска треба да го предаде изборниот материјал за претседателските избори и предвремените лоакани во три општини. Според роковникот на Комисијата, материјалот се предава најдоцна во рок од 72 часа пред денот за определување на изборите. Денеска на полноќ истекува и рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат […]

Претседателскиот праг мора да се преиспита


Во самите почетоци на независноста, кога се подготвуваше Уставот на Македонија,  неговите творци не помислувале дека високиот праг за избор на шеф на државата веќе во новата декада ќе стане тешко достижен и ќе отвори простор за разни политички маневри и пазарења. Оттогаш поминаа безмалку 28 години, така што во меѓувреме цензусот во вториот круг […]

Скопје и Атина ја зајакнуваат соработката во форензиката и судската медицина


Презентација на проект финансиран од Европската унија меѓу Лабораторијата за форензика и токсикологија од Атина и Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија од Скопје ќе се одржи денеска на Деканатот на Медицинскиот факултет. Станува збор за проект преку кој се врши стандардизација и хармонизација според ИСО17025 стандардот на лабораториите на Институтот за судска […]

Генерал-мајор Ерменц, началник на ГШ на Словенија во посета на Армијата


Делегација на војската на Република Словенија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Аленка Ерменц, е во официјална посета на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија. За време на посетата денеска во Генералштабот, генерал-мајор Ерменц ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, а ќе биде примена и од министерката за одбрана, […]

Пендаровски: Да излеземе сите и да покажеме дека сакаме заедно да одиме напред


Нема друг да ни ја заврши работата, мора масовно да излеземе сите и да покажеме дека огромна бројка граѓани сакаат сите заедно да одиме напред, а не да се враќаме во лошото минато, порача вечерва во Гостивар заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Нагласи дека, додека претходната власт ги наполни куферите […]

Силјановска: Ќе одржиме пролетна лекција по демократија


Пролетна лекција по демократија за власта на претседателските избори на 21 април и на 5 мај, најави кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Силјановска Давкова вечерва на митинг во општина Гази Баба. -Претседателка не се станува без граѓаните и на таа функција ќе бидам за нивните потреби. Нема поубаво време од пролетта за реформи, […]

Филипче: Вакцинацијата единствен начин што поскоро да се стави крај на епидемијата


Ќе го употребам речникот на епидемиолозите, вирусот мора да изгори, а вакцинацијата е единствениот начин да се стави крај што поскоро на оваа епидемија, изјави министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на здравствениот дом во Крива Паланка одговарајќи на новинарско прашање како ќе се решава новонастанатата состојба со епидемијата на морбили на територијата […]

Меркел и Макрон нудат решение за Косово со двоен суверенитет


Германија и Франција на средбата на државните раководства на Косово и Србија на 29 април во Берлин ќе настапат со план за договор меѓу двете земји, со кој во извесна мерка ќе се удоволи на барањата на Белград, но кој не предвидува поделба на Косово, објави вечерва приштинскиот портал „Газета Експрес“. Неименувани извори на порталот, […]

Пендаровски: Заедно напред за сигурна идина во НАТО и ЕУ, за инвестиции и повеќе пари кај граѓаните


Заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, денеска на трибина во Кичево, рече дека градот е пример за заедништво и сплотеност во различностите и ги повика граѓаните од сите етнички заедници да го искористат својот глас и да изберат напредок за сигурна идина во НАТО и ЕУ. Пендаровски посочи дека тука многу […]

Силјановска-Давкова: Без демократија нема ниту ЕУ, ниту НАТО


Канидатот за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова вечерва на митинг во општина Аеродром побара поддршка за претседателската функција, истакнувајќи ја важноста на демократијата во општеството без која, како што рече, нема ниту Европска унија, ниту НАТО. – Собранието треба да биде најспрестижната школа за демократија во која низ дијалог со аргументи […]

Ученици од Битола се самоповредувале поради „игри“ на Интернет, испратено барање за постапување


Секторот за внатрешни работи – Битола информира дека денеска од страна на директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола е доставено официјално барање за постапување затоа што, како што е пријавено, кај неколку ученици била забележана појава на самоповредување. Во соопштение до јавноста, СВР-Битола нагласуваат дека се постапува со најголема сериозност по барањето со цел […]

Сугарески најави обновување на патот до Попова Шапка


По извршување на подготвителните работи во наредниот период ќе започне реконструкцијата на патот од Тетово кон Попова Шапка, а проценките се дека обновата ќе биде завршена до оваа есен, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Тетово. -Од она што сум информиран подготвителните работи комплетно беа […]

Петти мај прогласен за Ден на македонскиот јазик


Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 130-та седница донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. – Одлуката овој  датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 […]

Во Скопје утре две делници затворени за сообраќај


Поради најавено снимање утре сообраќајот на улицата „1732“, на потегот од кај ресторанот „Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ, ќе биде затворен во период од 6 до 19 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници. Како што информира денеска МВР, се работи за однапред најавено снимање во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“ […]

Пендаровски: Да продолжиме заедно напред, за младите да имаат исти услови како и нивните врсници во Европа


Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, денеска беше помеѓу граѓаните на општина Врапчиште и Центар Жупа. Обраќајќи се до жителите на општина Врапчиште, Пендаровски истакна дека концептот што тој го застапува е концепт што води кон развој, кон ЕУ и НАТО и затоа на изборите потребна е масовна поддршка за да продолжат позитивните промени. – […]

Во Дебар ќе се гласа на 27, во Центар Жупа на 16 избирачки места


Во Општина Дебар, каде освен претседателски ќе се спроведат и предвремени избори за градоначалник, на 21 април ќе се гласа на 27 избирачки места. -Во Општина Дебар, 22 избирачки места се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. За 270 членови на избирачките одбори, од кои […]