Сончево и топло време со температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде меѓу 11 и 19, а максималната од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 31 степен.

УХМР најавува дека под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд  со грмежи и услови за изолирана појава на град.