Прва триатлонска трка и посебен сообраќаен режим околу ВИП Арена „Борис Трајковски“


Посебен режим на сообраќај денеска од 7.30 до 12.30 часот ќе има околу ВИП Арена „Борис Трајковски“ поради интернационалната трка  „Топси триоги триатлон“ што ја организира спортскиот триатлон клуб „Триоги рејсинг“ од Скопје. Трката ќе почне во 8.30 со пливање во базенот на спортскиот центар и ќе продолжи со натпревари во возење велосипед и трчање […]

Протестен марш во Скопје: КСС бара повисоки плати и K-15 во јавниот сектор


Усогласување на платите во јавниот сектор согласно со покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор, бара Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Овие барања синдикалците ги изнесоа попладнево на протестен марш во Скопје, кој почна  пред Собранието, а заврши пред Владата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски посочи дека тие се и против  […]

Независниот полициски синдикат со укажувања за мобинг


Независниот полициски синдикат денеска предупреди на засилени притисоци врз полицајците, односно за мобинг врз припадниците на сите оддели во службата. Претседателот на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев изјави дека јавноста треба да биде запозната за притисоците врз полицајците, како од дисциплински казни изречени од раководни органи, така и од криминални субјекти. – Јавноста треба […]

(ФОТО) „Одлучен удар“ на Криволак


Тактичка вежба со боево гаѓање се одржa денеска на „Криволак“ во рамки на теренската вежба „Одлучен удар“, која од 5 јуни до 9 јули, во две ротации се одржува на Центарот за поддршка на обуката. Пешадија, артилерија и воздухопловни единици ќе учествуваат во тактичката вежба, која е отворена за медиумите, а ќе присустува и Џозеф […]

Мицкоски: Европската перспектива е загрозена од власта


Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, европската перспектива е се позагрозена од, како што вели,  клиентелизмот на Зоран Заев и власта, неспособноста и егоистичните мотиви да се владее за свој личен бенефит. -ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува одговорно и ќе се бори земјава да добие датум за преговори, и покрај сите скандали, неработа, промашувања и измами […]

Давид Оберхубер, директор на ГИЗ: Охрид мора да има различен третман


И наследството треба да се сочува и економијата треба да се развива, вели директорот на ГИЗ за Северна Македонија и за Косово, Давид Оберхубер, за  загрозувањето на охридското крајбрежје во интервју за „Независен“. Еден од неговите проекти е и помошта за управување со отпадот во земјата, нешто што според него е мошне ниско на агендата […]

Кеико Ханеда: Јапонците би биле фасцинирани од вашата култура


Идната недела јапонски министер и бизнис-делегација првпат ќе престојуваат во Македонија. Земјата од најдалечниот Исток, според амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, сака да ги подигне на повисоко ниво односите со нашата земја, на бизнис, но и на културен, туристички и друг план, покрај многуте проекти за помош што веќе ги остварува во земјата. Јапонија е […]

Пендаровски ја поддржува иницијативата за реформа на изборниот модел


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, дава поддршка на иницијативaтa на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до неговиот кабинет за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, за создавање пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на државата. –Претседателот Пендаровски ги повикува политичките […]

Во ВМРО искрени или пресметани: И ние сакаме датум, Заев и онака е готов


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се врати од Брисел и од Берлин каде што имаше средби со челните луѓе на Европската народна партија и со соработниците на германската канцеларка Ангела Меркел. Разговорите биле искористени да се лобира нашата земја да добие почеток на преговори за членство во Европската Унија, но воедно беа упатени и низа критики за […]

СОНК не сака наставници да губат работа – за ученици да работат


Дуалното образование се гледа како еден од начините да се запре процесот на млади кои бегаат, односно имаат мал интерес да се запишуваат во средните стручни училишта. Претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров,подвлекува дека младите најчесто сакаат да се вработуваат во јавниот сектор и затоа одбираат општествени науки. Дуалното образование може да биде од помош, но […]

Транспарентни постапки за регуларни вработувања


Вработувањата во институциите и изборот на раководните позиции ќе бидат максимално транспарентни. Како што најавија вчерва премиерот Зоран Заев и министерот Дамјан Манчевски, кандидатите за директори на која било институција пред изборот ќе бидат објавувани на сите релевантни сајтови. Постапката ќе биде целосно отворена, за јавноста да знае дека нема злоупотреби. На раководна функција ќе […]

Манчевски: Шалтери да нема, граѓаните да ги добиваат услугите на своите мобилни уреди


Клучниот дел на реформата во јавната администрација е граѓаните да ги добиваат услугите на своите мобилни уреди, шалтери веќе да нема, смета министерот Дамјан Манчевски. Во вчерашното гостување на Отвореното студио на МРТ заедно со премиерот Зоран Заев и министрите за труд и социјална политика и за здравство, Мила Царовска и Венко Филипче, Манчевски повтори […]

Заев: Немаме надворешни проблеми и кочници, голем дел од работите зависат од нас


ЕУ треба да расчисти дека земјава нема интенција да стане членка во јуни или во јули, туку дека сака да ги почне преговорите. Тоа ќе биде дополнителна мотивација и стимул да работиме уште повеќе, похрабро, подобро и поуспешно, рече премиерот Зоран Заев во синоќешното Отворено студио на МРТ. Според него, ако ЕУ не испорача датум за почеток […]

Сончево и топло, до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде меѓу 10 и 18, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9. […]

Заев: Почетокот на преговорите дополнителна мотивација за реформите


Ако ЕУ не испорача датум за почеток на преговорите, ќе ги демотивира и другите земји, а може да поттикне и повторно враќање на националистичките структури што навистина не ни е потребно. Европа има одговорност, треба да се постави сериозно кон оние што исто така постапиле, рече премиерот Зоран Заев во синоќешното Отворено студио на МРТ. […]

Тепачка пред стадион: Приведени речиси двеста полски навивачи


Полските навивачи што допатуваа до земјата да го проследат вечерашниот фудбалски меч меѓу Македонија и Полска продолжуваат со инцидентите. Пред малку во близина на Градскиот стадион во Скопје дошло до масовна меѓусебна тепачка, во која учествувале припадници на неколку навивачки групи од Полска. По брзата реакција на полицијата приведени речиси двеста навивачи. Гостите од Полска […]

(ФОТО) МВР ги изолира Полјаците во Градски Парк


Припадници на специјалните единици при Министерството на внатрешни работи ги изолираат полските навивачи во Градски парк со цел да не се дозволат евентуални „блиски“ средби со домашните фанови.   

(Видео) Груевски одби унгарски новинар: Денеска нема да дадам изјава!


Поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски денеска повторно беше пречекан од унгарски новинари во Будимпешта, но тој одби да даде изјава. Новинарите сакаа да добијат изјава од Груевски, но поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ упорно одбиваше да каже нешто. „Се извинувам, денеска нема да дадам изјава. Во некоја друга прилика ќе ти дадам изјава“, му вели […]

Реновирана Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје


По неколку децении просториите на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје се целосно реновирани, а комплетно е обновен хируршкиот инструментариум и дел од опремата. Клиниката денеска ја посетија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. – На пациентите им овозможуваме врвна медицинска услуга, следејќи ги најновите светски стандарди во современата пластична […]

Општина Карпош доби ново зелено катче


Левата страна (коцка) на влезот на ТЦ „Лептокарија“ во општина Карпош ќе добие нов лик. Во текот на летниот период ќе почне хортикултурно разубавување, а дополнително ќе се постават и нови реквизити за најмладите: лулашки, тобогани, клацкалки и клупи. Овој дел ќе прерасне во нов т.н. Green Corner, кој ќе биде отворен за сите посетители […]